ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Николовски: Пари за субвенции има, ќе се исплатат за 20.000 тутунопроизводители

May 31, 2022 20:25
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Се надевам дека денешната порака на консензуалност и политичка култура што надвладеа во државата ќе продолжи и во други сфери, за да си го средиме системот, да ја намалиме разочараноста, да нема партизација, да нема врски, да ја вратиме довербата на младите во системот и во државата. Верувам дека ова е само почеток за некои покрупни промени што би ги очекувале, jaвува МИА.

Ова го изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски вечерва во дневникот на Сител, во врска со донесените измени во Собранието на Законот за земјоделство и рурален развој, со кој се отстранува пречката за исплата на субвенции за 20 000 тутунопроизводители.

Информира дека до петок решенијата за исплата на субвенциите ќе бидат во трезорот на Министерството за финансии. Николовски е дециден дека воопшто не станува збор за кратење на субвенциите, тврди дека обемот на субвенционирање останува ист. Пари за субвенции има, потенцира, и има пари за тутунарите, а тоа се милијарда и 300 милиони денари или над 20 милиони евра.

Првпат оваа година со денешните измени, нагласи тој, се воведува авансна исплата односно 30 проценти да ги добиваат земјоделците субвенции во текот на годината односно да имаат средства и пари пред почетокот на самата сезона.

Николовски најави дека ова е вовед во промени на моделот на субвенционирање што се најавува од наредната година.

– Не може повеќе да се субвенционира се и сешто. Оваа година мора да се направи детална анализа, што е стратешки и значајно за државата, тоа што успева согласно климатските услови во нашата држава, ќе продолжи да се  субвенционира, истакна министерот за земјоделство.

Потсети дека минатата година имало 205 милиони евра исплати од сите програми, вклучително и КОВИД-програмата, а оваа година го има и интервентниот фонд за 40 проценти поддршка за вештачко ѓубриво.

Додаде дека со овие измени се воведува 40 проценти авансна исплата за стартап-инвестициите на младите фармери. Се воведува 100-процентна поддршка за зелена нафта и има многу нови мерки и со законите кои се уште се во собраниска процедура.

Министерот Николовски појасни дека земјоделците мора да бидат целосно раздолжени кон УЈП по секој еден основ, но како услов за исплата на субвенции не е воведено од оваа Влада, туку е воведено во 2015 година. Николовски истакна дека не е точно оти 26 пати се прави оваа законска измена, туку е техничка измена што се прави секоја година пред почетокот на исплата на субвенции од годинава.

Тој додаде дека во Министерството три месеци се фокусирани да креираат и веќе има над 30 законски решенија, кои очекува во наредните месеци да се финализираат и да бидат усвоени од пратениците.

Прашан колку од парите предвидени со ребалансот на Буџетот, ќе бидат насочени кон поддршка на производството на стратешките култури, сончоглед, пченка, пченица и дали ќе се посвети доволно внимание на ова, Николовски информира со ребалансот се предвидуваат околу 50 милиони евра само за директни плаќања. Дополнително, 500 милиони денари со ребалансот се добива во интервентниот фонд.

До денеска во овој месец на неделна основа за стратешките култури, особено за сончоглед, пченка, пченица и јачмен, има околу три илјади апликации за субвенционирање на вештачко ѓубриво од 40 проценти.

– Тоа ми дава за право да потврдиме дека очекуваме оваа година дуплирано производство на сончоглед. Очекувам со интересот што го имаме, особено со доделување на државното земјоделско земјиште, денеска е јавното наддвање за пет илјади хектари, само за пченица, пченка и јачмен и сончоглед, интересот е три пати поголем од најдоброто време на државата, изјави Николовски.

Next Post

Тренчевска: Влогот во човечкиот капитал е влог во државата

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk