ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) ЦИВИЛ во Тетово и Гостивар во акција против дезинформациите

June 1, 2022 16:12
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Принтскрин од видеото

Принтскрин од видеото

Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ денеска ги посети Тетово и Гостивар, каде во комуникација со граѓанките и граѓаните зборуваше за граѓанската акција против дезинформациите и порпагандата.

„Граѓанките и граѓаните на Гостивар искажуваат една сериозна недоверба во медиумите. Еден од граѓаните рече дека медиумите се само продолжена рака на политичарите и низа од коментарите покажуваат дека дезинформациите и пропагандата веќе се препознаени од граѓаните“, изјави на прес-конференцијата, претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала.

Во Тетово како дел од теренските активности одржа и прес-конференција на која се промовираше пректот „Зад димната завеса“ и заложбите во борбата против дезинформациите и пропагандата.

На прес-конференцијата претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, зборуваше за заложбите на организацијата во борбата против дезинформациите и пропагандата, особено во контекст на руската агресија врз Украина. Исто така, Дерала зборуваше и за проектот за промоција на мултикултурализмот, како и за следењето на процесот на подготовка на Стратегијата „Едно општество за сите 2023-2025“, во чие креирање и ЦИВИЛ ќе даде свој придонес.

ЦИВИЛ оствари средба и со градоначалникот на Тетово, Билал Касами, а имаше средба и со претставници на граѓански организации и медиуми. На инфо-штандот на ЦИВИЛ граѓанките и граѓаните можеа да се запознаат подетално за заложбите на организацијата за промовирање на европските вредности, антинационализмот и мултикултурализмот.

Денешните активности во Гостивар и во Тетово, се дел од проектот „Зад димната завеса“ за медиумска и граѓанска акција против дезинформациите и пропагандата со фокус на странската, антизападна пропаганда преку мониторинг, анализи и обелоденување на дезинформациите и пропагандата за критични теми, како што е агресијата врз Украина, евроатлантските интеграции и други процеси од круцијално значење за нашата земја.

Next Post

Тренчевска: Вложуваме во квалитетно предучилишно воспитание, тоа е клучно за правилниот раст и развој на децата

НАЈНОВО

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

Собранието на Косово не го избра Курти за премиер, се поверојатни нови избори

October 26, 2025
Фото: Фејсбук страница на Христијан Мицкоски

Мицкоски од Брвеница: Ние како Влада со ист критериум инвестиравме во сите општини, така се гради соживот

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

Plugin Install : Popular Post Widget need JNews - View Counter to be installed

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk