ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи не може да го предвиди исходот, но смета дека доколку има доволно волја, има простор да се најде решение со Бугарија

June 6, 2022 20:36
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Дводневни интензивни разговори и преговори, кога прв пат ги споивме експертските тимови заедно со политичкото ниво на соработка, без преголем оптимизам, бидјеќи е прерано да се каже, бидејќи има многу нерешени прашања и дилеми. Беше една од подобрите средби што ги имале досега во конструктивна атмосфера. Овој состанок ги охрабрил двете страни да се обидат овие денови да ги искористат до максимум за да се изнајде одржливо решение, jавува МИА.

Ова е оценката од министерот за надворешни работи Бујар Османи во врска со работната посета на нашата земја што викендов ја имаше неговата бугарска колешка Теодора Генчовска. Тој смета дека доколку има доволно волја, има доволно можност и простор да се најде решение, но, велим не може да го предвиди исходот.

Шефот на дипломатијата Османи вечерва меѓу другото во Тема на денот на Сител телевизија потврди дека нема конкретен француски предлог, но, рече дека има голем ангажман од француското претседателство и личен интерес од страна на претседателот на Франција Емануел Макрон. Како што рече Османи, Република Франција во овој период се обидува да го тестира расположението на сите земји членки, при тоа имајќи јасен свој став во процесот. Но, нагласи тој, ние не оставаме ништо на случајноста и секојдневно го информираме француското претседатлство за ставовите, за ризиците, за варијантите, за можностите.

– Се уште нема предлог од француското претседателство што дава некакви насоки дали може нешто да биде во делот на човковите права, како услов во преговарачката рамка. Правиме максимално што можеме од наша страна, меѓутоа не зависи само од нас, дециден е Османи.

Според него, точно е дека Република Бугарија бара сите прашања да се ставаат како некакви услови во преговарачкиот процес, додека нашата позиција е дека Договорот е билатерален и така треба да се реши, а европскиот процес не треба да биде платформа за решавање на билатерални прашања.

Прашан дали ние сме подготвени во делот на човековите права да имаме услов, Османи истакна дека Северна Македонија има воспоставено уникатен модел на функционална мултиетничка демократија во која граѓаните ги остваруваат правата и индивидуално и во рамки на нивните заедници.

– Тоа не значи дека историските прашања односно прашања кои наметнуваат некакви решенија кон граѓаните за нивните чувства, тоа е право на секој граѓанин, рече Османи.

На новинарско прашање дали останува на резервата дека после јуни ако се уште остане ветотот оти не треба да бидат во фокус разговорите со Софија, туку да се фокусираме на други прашања, Османи наведе дека тоа во Бугарија било погрешно сфатено како некаков ултиматум. Тоа, појасни, беше моја објективна проценка дека „прозорецот на можности“ некако се затвора со ова француско претседателство.

– Беше искрена порака до Бугарија, икрена порака до ЕУ и на тој факт се уште го засновувам мојот оптимизам дека ќе преовладува разумот кај сите дека ова е можеби еден од ретките прозорци на можност, рече меѓу другото министерот за надворешни работи Бујар Османи. 

Next Post

Околу седум амбасадори чекаат да поминат во собраниската Комисија, прв пат ќе се пополни целата дипломатска мрежа

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk