Над 100.000 граѓани на Скопје, од Аеродром, Гази Баба, со месеци се заложници на хировите на градоначалничката од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, истакна за медиумите Рената Јајоска советничка во Советот на Град Скопје.
„Мостот на булеварот АСНОМ кој ги поврзува Аеродром и Гази Баба се уште не е во функција.
Мостот е проект на минатата локална власт од СДСМ, од исклучително значење за намалување на сообраќајот, олеснување на комуникацијата на граѓаните во овој дел од градот.
Веќе е направен технички прием на мостот, но никако да се стави во употреба.
Дали причината е тоа што мостот е на проект на претходниот градоначалник? Или можеби фактот што Арсовска најави дека ќе ги прекине проектот па по притисок на јавноста сепак го продолжи?
Како и да е тоа граѓаните не ги интересира.
Граѓаните не заслужуваат ваков арогантен, недоговорен однос од страна на Данела Арсовска.
Арсовска треба да ја надмине својата суета, бидејќи се работи за голем и значаен проект за граѓаните.
Мостот на булеварот АСНОМ треба да биде ставен во функција што поскоро, бидејќи тоа значи унапредување на квалитетот на живот и намалување на сообраќајниот метеж во главниот град“, се вели во изјавата.







