Пред неколку минути заврши мечот во којшто нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа направи големо изненадување на силниот W-60 турнир во Поертшаш, Австрија и извојува вредна победа против германската тениска надеж Eva Lys. Откако првиот сет го загуби со максимални 0-6, се случи голем пресврт и следуваа два добиени сета за Ѓорческа (0-6 ; 6-4 ; 6-4).
Претходно во првото коло од главниот турнир, Лина Ѓорческа извојува лесна победа против Словенката Нина Поточник (6-3 ; 6-0) и со тоа ѝ се реваншираше на својата противничка за поразот од пред неколку месеци на турнирот во Трст, Италија.
Со денешната победа Ѓорческа освои нови 7 поени за напредок на WTA листата, а евентуална победа во следното коло би значела уште нови 19 поени. Противничка на Ѓорческа во четврфиналето најверојатно ќе биде третата носителка, Viktoria Kuzmnova од Словачка. Доколку продолжи со добри игри во периодот што следува, Лина ќе може да се надева и на учество на грен-слем турнирите во Вимблдон и US Open.
Нашата тенисерка настапува и на турнирот во двојки, а денес со нејзината партнерка Lea Boskovic од Хрватска ќе играат против Американката Charlotte Chavatipon и Dia Evtimova од Бугарија.
Ацо Лукароски







