ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЕУ амбасадори: Продолжување на реформите, почитување на Преспанскиот договор и политички дијалог

На состанокот силно биле поздравени заложбите на премиерот Спасовски и на Владата за продолжување на реформите, за продолжувањето на дијалогот со опозицијата, за јасните определби од Владата за почитување на добрососедските односи и договорите со Република Грција и Република Бугарија, за спроведување фер избори, што се од значење за стабилноста на граѓаните и нашата држава и за интеграциите во НАТО и кон ЕУ.

January 23, 2020 14:43
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Силна поддршка за продолжувањето на реформите, за почитувањето на Преспанскиот договор и добрососедските односи, за политиките на дијалог, во пресрет на очекувањата за напредок во евроинтеграциите, искажале резидентни амбасадори од земјите членки на Европската Унија во Република Северна Македонија на денешната средба со премиерот Оливер Спасовски.

Како што соопшти владината прес-служба, на средбата биле изразени честитки до премиерот Спасовски и до Владата за доследното спроведување на обврската од Пржинскиот договор и формирањето преодна Влада, три месеци пред изборите, што се препознава од страна на ЕУ, како зрелост на демократијата во земјава.
На состанокот силно биле поздравени заложбите на премиерот Спасовски и на Владата за продолжување на реформите, за продолжувањето на дијалогот со опозицијата, за јасните определби од Владата за почитување на добрососедските односи и договорите со Република Грција и Република Бугарија, за спроведување фер избори, што се од значење за стабилноста на граѓаните и нашата држава и за интеграциите во НАТО и кон ЕУ.
Оценето било дека ова се значајни обврски, сериозно сфатени од Владата, која функционира со полн капацитет, какви што се државните потреби, во овој клучен период кога Република Северна Македонија очекува да стане полноправна членка на НАТО и оствари напредок во евроинтеграциите. Изразено е очекување дека на тоа ниво на одговорноста ќе бидат сите политички субјекти во земјава.
На средбата, како што стои во соопштението, потврдено било дека Република Северна Македонија ги спроведе потребните реформи е оценето дека фокусот кон нивната натамошна реализација е позитивен сигнал кон земјите членки на ЕУ, за цврстата определеност за усогласување со европските стандарди и вредности.
Посочено било дека во следните месеци Западен Балкан повеќе од секогаш ќе биде во фокусот на Европската Унија, како и дека проширувањето на ЕУ останува на врвот на европската агенда.
-Благодарни сме на поддршката и на пораките на политичките лидери на вашите земји дека одлуката за почеток на пристапните преговори со нашата земја треба да се донесе и што проширувањето на ЕУ се држи високо на агендата на европските институции, истакнал Спасовски.
Премиерот на состанокот со амбасадорите посочил дека врвен приоритет на сите министри во актуелната Влада е да се обезбеди континуитет на функционирањето на институциите, на владеењето на правото и демократијата, организирање фер и демократски избори.
– Врвен приоритет на Владата е и почитувањето на Преспанскиот договор со Република Грција и на договорот со Република Бугарија и истакнувам дека остануваме посветени на добрите односи со сите соседи, рече премиерот Спасовски.
На средбата било констатирано дека носењето на Законот за јавно обвинителство, иако не е услов за евроинтеграциите, ќе биде добра порака за определеноста на сите политички субјекти во земјава кон дијалог и кон владеење на правото.

Нагласено било дека во важните моменти за државата е недозволиво политиканство од кој било претставник на извршната власт или од политичките субјекти и дека е неопходно, сите во земјава, државните приоритети да ги стават во прв план.

-Состанокот на претседателот на Владата Спасовски со резидентните амбасадори од земјите членки на ЕУ во нашата држава е поздравен како значајна порака за определбата на Владата да продолжи одблиску да соработува со државите членки на ЕУ и со институциите на Европската Унија, во време на очекувањето на заслужениот исчекор во европските интеграции, се наведува во соопштението. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Одбараната бара од Апелација укинување на притворот за Боки 13

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук на Орце Ѓорѓиевски

Ѓорѓиевски: Ја прифаќам поканата за дебата со противкандидатот Мециновиќ, граѓаните заслужуваат отворена и аргументирана дебата

October 21, 2025
Париз, Лувр. Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Лувр ќе наплаќа поскапи билети за туристи од земји надвор од ЕУ

October 21, 2025
Фото: Влада

Во Лондон средба Николоски-Брајан: Стабилни економски и политички односи и високо ниво на трговска соработка меѓу Македонија и Велика Британија

October 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    Бучковски: Потфрлувањето кај ВМРО-ДПМНЕ е евидентно, опозициските партии да соработуваат во вториот круг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Врисокот на Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 21 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk