ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шекеринска: Неодговорно и опасно е на чекор до НАТО да се помислува на ревидирање на Преспанскиот договор

Најновата намера или манипулација дека одредени политички сили ќе се обиделе да го ревидираат, повторно да го отворат за преговори Преспанскиот договор, токму во овие финални чекори до членство во НАТО е крајно неодговорно и опасно. Тоа го урива нашиот имиџ како држава, тоа ја урива довербата која во нас ја има не само Алијансата, туку и највлијателните земји членки. Без разлика дали овие наводи се манипулативни или сериозни, да се чепка во договорот од Преспа кој е склучен меѓу два соседа со силна поддршка на меѓународната заедница е исто како повторно овде на Балканот да се пали бурето барут, рече министерката за одбрана.

January 23, 2020 15:58
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Сигурна сум дека изборите ќе ги организираме како 30. членка на НАТО Алијансата, изјави денеска на прес-конференција вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска одговарајќи на новинарско прашање во врска со последната 29-та ратификација на Протоколот за нашето членство во Алијансата која наскоро треба да се случи во Парламентот во Шпанија, а ќе следи и во нашиот Парламент.

-Една работа е нашиот процес на ратификација, втора работа е ратификацијата во шпанскиот Парламент и завршувањето на целиот овој процес, а трета различна работа се изборите. Сигурна сум дека изборите ќе ги организираме како 30. членка на НАТО Алијансата и после 30 години вртење во место, после 30 години ветувања на многу политички елити, ќе ја имаме честа и одговорноста да сме биле тука кога е постигнат тој најголем успех. Мислам дека тоа ќе биде најголемиот плус, најголемиот резултат кој што дури и критичните граѓани ќе го поздрават со релаксација и здивнување. Долго време се плашевме дека на првата кривина нешто ќе се случи спротивно на нашите интереси. Покажавме дека ова го почнавме и за две и пол години го крунисавме со успех. Тоа е успех на Владата, меѓутоа тоа е пред се успех на нашата држава, рече Шекеринска.

Членството во најмоќниот воено-политички сојуз станува реалност како заеднички успех и резултат на одлучноста на граѓаните и на одговорните државнички политики изминатите две години, рече таа и ги оцени како охрабрувачки последните вести од Шпанија.

-Станува јасно дека нашиот приоритет е и приоритет на НАТО и на земјите членки на НАТО. Новоформираната шпанска Влада го пушти законот за ратификација во брза постапка, покажува дека го делиме приоритетот. Северна Македонија 30. членка на НАТО звучи гордо, но и моќно, безбедно, сигурно и стабилно. За нашата земја ова е историски, а за нас, генерациски успех. Тој претставува исполнување на стратешката цел на повеќе генерации. Тој успех значи и повеќе пари во економијата. Тоа го потврдија четирикратното зголемување на странските директни инвестиции,  последните движењата на берзата, 60.000 работни места и зголемените плати и пензии. Одговорноста на сите нас е оваа стратешка цел која ја постигнаве да ја чуваме во интерес на државата, на граѓаните, на денешните на следните генерации Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци, рече Шекеринска.

Таа како одговорна министерка во ресор, кој е директно врзан со  членството во НАТО предупреди на опасноста од заговарање идеи за поништување или повторно отворање на Договорот од Преспа, без кој, нагласи, нема членство во НАТО, нема стопроцентна безбедност, стабилност, сигурни граници и обезбедена иднина.

-Политичките опции кои заговараат отворање, преотварање или укинување на договорот, носат опасност за  државата и создаваат сериозни проблеми за сите нас. Најновата намера или манипулација дека одредени политички сили ќе се обиделе да го ревидираат, повторно да го отворат за преговори Преспанскиот договор, токму во овие финални чекори до членство во НАТО е крајно неодговорно и опасно. Тоа го урива нашиот имиџ како држава, тоа ја урива довербата која во нас ја има не само Алијансата, туку и највлијателните земји членки. Без разлика дали овие наводи се манипулативни или сериозни, да се чепка во договорот од Преспа кој е склучен меѓу два соседа со силна поддршка на меѓународната заедница е исто како повторно овде на Балканот да се пали бурето барут, рече министерката за одбрана.

Таа потсети дека по Букурешкиот самит на НАТО во 2008. беше јасно укажано дека без договор со Грција за името не можеме да го оствариме нашиот стартешки интерес – членството во Алијансата, како и дека по цела деценија од тогаш ВМРО-ДПМНЕ никогаш не успеала да постигне договор, ниту решение со кое целосно ќе се признае идентитетот на Македонците, користењето на македонски јазик, македонско државјанство, како и кодовите МКД и МК. Додаде дека тоа и успеа на оваа политичка Влада и постигна договор за спорот.

-Поништувањето на договорот би не враќало назад не години туку повторно децени во нова неизвеснот и изолација. Тоа не смее да се дозволи бидејќи сеќавањата за тој период се уште се свежи кај граѓаните, рече Шекеринска.

Таа ја повика уште еднаш опозицијатада го поддржи законот за одбрана како стратешки државен приоритет, кој треба да се донесе со двотретинско мнозинство, посочувајќи дека оној кој е против него е и против нашето членство во НАТО.

Владата на Шпанија завчера го одобри и го достави на усвојување во Парламентот протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО. Премиерот Педро Санчез побара од Парламентот протоколот да биде ратификуван по итна постапка имајќи предвид дека Шпанија е последна од 29-те членки на НАТО што тоа го нема направено.

– Неопходно е ратификацијата да биде по итна постапка со цел да не се одложуваат заложбите на Шпанија како сојузник во НАТО за прием на Северна Македонија во Алијансата, се вели во образложението на шпанската Влада.

Спикерот на македонското Собрание Талат Џафери денеска најави дека на 11 фервруари ќе закаже седница за ратификација на Протоколот за членство во НАТО. Доколку Шпанија до 11 февруари не го ратификува Протоколот, тогаш нашата ратификација ќе биде донесена со одложено дејство.

Next Post

Заев: Предлог законот за јавно обвинителство е структурно и системско решение

НАЈНОВО

ФОТО: ДУИ

Ахмети: Не изгубив на избори за да се повлечам, НАИ освои 159 советници а Вреди 122

October 24, 2025
ФОТО: Фејсбук Пивковски

И независниот кандидат за градоначалник на Могила се повлече од вториот круг во корист на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

October 24, 2025

Препораки и мерки од Министерството за здравство за актуелната состојба со сметот во Скопје

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како се регулира онлајн коцкањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk