ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Помирување или војна

Иако членството во ЕУ нема алтернатива, што значи дека „Отворен Балкан“ не е и не може да биде замена за евроинтеграцијата, сепак, оваа иницијатива го европеизира регионот без притоа да биде дел од ЕУ. Рама и Вучиќ се на добар пат да станат балканските Конрад Аденауер и Роберт Шуман.

June 22, 2022 13:05
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЏЕЛАЛ НЕЗИРИ

Кога на 10 ноември 2014 албанскиот премиер Еди Рама допатува во официјална посета на Белград, истата беше оценета како историска. Средбата со Александар Вучиќ, тогаш премиер на Србија, беше прва на еден албански висок претставник со негов српски колега. Последната средба на високо ниво дотогаш беше реализирана во 1947, кога Енвер Хоџа и Јосип Броз Тито сѐ уште беа во добри односи.

Осум години подоцна, Рама и Вучиќ изгледаат блиски, координирани и активни во регионалното помирување, ситуација која може да се опише како балкански парадокс. Едно вакво функционирање на овој двоец секако дека е надвор од препознатливата балканска логика и нормалност, која наместо соработка претпочитува непријателство.

Неговите чести средби со Вучиќ му донесоа на Рама многу критики во албанската јазична географија. Неговите политички противници во Албанија, Косово, но и во Северна Македонија, сѐ повеќе го идентификуваат како „политички брат на Вучиќ“. При неговата последна посета на Косово пред неколку дена, на заедничката конференција за новинари со неговиот косовски колега Албин Курти, Рама беше прашан најдиректно: „Дали си просрпски ориентиран албански политичар“? Во изградбата на еден ваков наратив во албанската јавност придонес имаше и самиот Курти, кој изгледаше дека едвај чека да го чуе одговорот.

„Јас не дека сум просрпски политичар, јас сум и брат на Александар Вучиќ“, одговори на ироничен начин Рама, потсетувајќи го новинарот на линчувањата со кои се соочил по скоро секоја средба со Вучиќ.

Имено, Рама и Курти се со целосно различни позиции кога станува збор за регионалната соработка. Додека Рама во 2019 година, заедно со Вучиќ и македонскиот експремиер Зоран Заев, ја започна иницијативата која денеска е позната како „Отворен Балкан“, Курти најостро се спротивстави на овој проект, оценувајќи го како доминиран од Србија и смислен за враќање на српската хегемонија на Балканот. Истиот став го држи и претседателката на Косово, Вјоса Османи. Курти и Османи бараа Рама да се врати на Берлинскиот процес и нејзиниот Заеднички регионален пазар, проект кој ја има поддршката на Европската унија, поконкретно на Германија. Во Косово скоро да нема политичар кој го подржува проектот „Отворен Балкан“, позиција која на Рама му создава дополнителни проблеми.

Во Северна Македонија, пак, Рама најде сојузник кај лидерот на ДУИ, Али Ахмети. При последниот самит на „Отворен Балкан“ во Охрид, Рама рече дека Ахмети е пионер на оваа иницијатива. Притоа тој мислеше на трансформацијата на Ахмети од водач на вооружена структура во клучен фактор за мирот на земјата и регионот. Рама притоа ја потсети јавноста дека тогаш и Ахмети беше критикуван и оценуван за „предавник“ зашто седна да разговара со „противниците“ за да ја модернизира државата. Фактот што денеска во Северна Македонија различностите живеат во хармонија и мир, според Рама, е заслуга на Ахмети, додека истата цел е поставена и со проектот „Отворен Балкан“. Ахмети пак, во вторник, од Приштина, порача дека регионот има две алтернативи: или помирување, или војна. Тој рече дека се залага за регионално помирување, подвлекувајќи дека втората алтернатива има висока цена.

Дали навистина е дојден моментот кога Балканот почнува да се европеизира без присуство на јасна европска перспектива? Дали земјите од регионот наместо непријатели можат во соседите да гледаат можни сојузници? Може ли балканските земји да го напуштаат реалистичкиот пристап во меѓународните односи, кој ги засили соништата за големи држави и да го прифатат либералниот пристап, кој претпочитува соработка и наддржавни иницијативи? Имаат ли сила да побараат извинување за злоделата во минатото? Имаат ли сила да простат за да одат напред?

Темелите на Европската унија (ЕУ) беа удрени само 7 години по завршувањето на Втората светска војна. До овој момент Европа беше задавена од крвта пролеана во постојаните војни, поттикнати од непријателствата и трката за доминација на стариот континент. Околу 60 милиони луѓе загинаа само во Втората светска војна, меѓу кои поголемиот дел беа жители на Европа. ЕУ како иницијатива имаше една цел – помирување на првата шесторка – Германија, Франција, Италија, Холандија, Белгија, Луксембург, а потоа и Шпанија, Португалија и други западни држави. Кон тој проект, во 2000-те пристапија десет земји од Источниот блок, како Полска, Словачка, Чешка, Унгарија итн. ЕУ ги претвори државите од конкуренти меѓу нив во соработници, од непријатели во сојузници, од мали пазари во голем и моќен економски пазар со над 500 милиони жители. Беше моментот кога европејците рекоа „доста“ на омразата и војните.

Иако иницијативата „Отворен Балкан“ сѐ уште не ги дава истите резултати, сепак се приметува моментот кој Германците го нарекуваат „zeitgeist“ (дух на времето). Премиерите на трите земји кои се дел од овој проект се состанаа во вторникот на онлајн состанок за да одлучат дали да присуствуваат на самитот ЕУ-Западен Балкан во период кога проширувањето на Унијата е целосно замрзнато.

Во овој процес, не смее да се заборави и улогата на Северна Македонија, чиј, сега експремиер Зоран Заев е домаќин на првиот самит на кој беа поканети сите шест држави на Западен Балкан. Заев успеа да ги донесе на иста маса Рама и Вучиќ да разговараат за блиска соработка која стана столб на иницијативата „Отворен Балкан“ која силно ја поддржуваат и САД.

Иако членството во ЕУ нема алтернатива, што значи дека „Отворен Балкан“ не е и не може да биде замена за евроинтеграцијата, сепак, оваа иницијатива го европеизира регионот без притоа да биде дел од ЕУ. Рама и Вучиќ се на добар пат да станат балканските Конрад Аденауер и Роберт Шуман.


Личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Протести Србија. Фото: Скриншот, ТВН1

Студентите во блокада во Србија бараат распишување избори до средината на мај, во спротивно радикализација

May 11, 2025
Генерирано со ВИ

Индија и Пакистан упатија меѓусебни обвинувања за кршење на прекинот на огнот

May 11, 2025

Автобус во Шри Ланка излета од карпа, 21 лице загина, најмалку 14 се повредени

May 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Браната Три Кланци во Кина ја успори ротацијата на Земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Левица: ВМРО-ДПМНЕ менува закони по мерка, веќе нема да требаат ни сертификати за директорско место

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk