ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАНИПУЛАЦИИ ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Измама – „Техномаркет“ нема наградна игра!

July 7, 2022 19:45
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Не е вистина дека компанијата „Техномаркет“ има наградна игра и доделува 3 000 евра! Од компанијата  за „Вистиномер“ потврдија дека станува збор за измама и злоупотреба на името на компанијата, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук, во група којашто е креирана со злоупотреба на името на брендот „Техномаркет“ Македонија. Името на групата е „Техно Маркет Фанс“ , а постот што се споделува во неа има за цел да таргетира корисници на социјалната мрежа Фејсбук.

Во постот стои:

Здраво на сите, изберете го вашиот среќен плик и освојте парична награда од 3.000 евра од Техно Маркет
Направете го тоа, има само 8 коверти полни со готовина направете го тоа со доверба.

Споделена е и фотографија обработена со софтвер, со слика од компанијата „Техномаркет“ и 16 нумерирани пликови.

Огромен број граѓани, коментираат и  избраат број од плик, по што креаторот во коментар им праќа линк за регистрација на име и податоци за наводно „добивање“ на наградата, што се покажа дека е класична интернет измама!

Страницата е лажна, бидејќи компанијата „Техномаркет“ нема наградна игра. Од компанијата  за „Вистиномер“ потврдија дека станува збор за измама:

Се работи за лажна страница. „Техномаркет Македонија“ нема никаква наградна игра. Тоа е злоупотреба и измама, велат за „Вистиномер“ од „Техномаркет“.

До моментот на пишувањето на нашата рецензија постот има 642 допаѓања, 622 споделувања и 1,9 илјади коментари. Страницата собра 55 допаѓања.

Страницата е лажна, а тоа е повеќе од очигледно, бидејќи нема наведено  фирма, контакт телефон, адреса, ниту локација. Во описот  стои продавница за продажба на храна, што пак, нема врска со дејноста на компанијата „Техномаркет“.

Лажната фејсбук страница е креирана на 1 јули и на насловната слика го злоупотребува логото на компанијата.

На официјалната фејсбук страница на компанијата „Техномаркет“ Македонија јасно пишува дека се работи за „Компанија за малопродажба · Продавница за електроника · Апарати за домаќинство“ и ги содржи сите податоци, линкувана веб-страница, контакт телефон, адреса и локација.

Креирањето на лажни Фејсбук страници од страна на непознати креатори со името и логото на познати брендови и неверојатно дарежливи лажни наградни игри, стана тренд, кој функционира на Фејсбук просторот, а чија цел е манипулација, собирање и злоупотреба на лични податоци од страна на корисниците. Целта на овие страници е да споделуваат лажни објави за да генерираат сообраќај, но и да измамат што поголем број граѓани.

Корисниците на социјалните мрежи мора да бидат внимателни, претпазливо да ги проверуваат страниците, со резерва да пристапуваат кон ваквите наградни игри.

Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека не е вистина дека компанијата „Техномаркет“ има наградна игра и доделува 3 000 евра! Станува збор за измама и злоупотреба на името на компанијата

Next Post

Димитров: Да се смири состојбата со протестите, политички субјекти имаат одговорност за тоа

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk