ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пендаровски за „Етнос.гр“: Мали се шансите некој политички субјект да има двотретинско мнозинство за уставните промени

July 10, 2022 12:40
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Имајќи ја предвид нашата длабока политичка поларизација, мали се шансите некој политички субјект да може да собере две – третини од парламентарното мнозинство за да ги поддржи промените на Уставот за вклучување на Бугарите, вели претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски во интервјуто за „Етнос.гр“, јави дописничката на МИА од Атина.

Во интервјуто за информативниот портал објавено денеска под наслов „ Стево Пендаровски за „Етнос.гр“:Барометар и за Балканот грчко- турските односи – Што вели за доцнењата во Договорот од Преспа“, претседателот говори за францускиот предлог, за решението меѓу Скопје и Атина и односите меѓу двете земји, за руското влијание во регионот и војната во Украина, за тоа како Северна Македонија гледа на релациите Грција – Турција, но и за тоа колку често го посетува јужниот сосед.

За францускиот предлог ги објаснува следните чекори што би следеле на патот кон ЕУ.

-Веќе го нареков како еден вид транзиционен компромис со една вродена блокада на патот. Имено, ќе ги отвориме преговорите, а тоа е најголемата придобивка од модифицираниот француски предлог, започнување на преговорите по 17 години чекање. Но, по скрининг- процесот, постои еден предуслов за продолжување на преговорите, а тоа е измена на Уставот за да се вклучат Бугарите во него. Имајќи ја предвид нашата длабока политичка поларизација, мали се шансите некој политички субјект да може да собере две третини од парламентарното мнозинство за да ги поддржи промените, вели претседателот.

Поголемиот дел од интервјуто е посветено на Договорот од Преспа, претседателот Пендаровски истакнува дека најголемото достигнување е членството во НАТО како директен ефект од решението меѓу двете земји, вели дека во нашата земја „многу луѓе сфатија дека промената на името не го поткопа нашиот национален идентитет, што беше наша најголема грижа во текот на повеќегодишните преговори“.

Вели дека очекува како што одминува времето, многу повеќе луѓе да сфатат дека договорот во суштина означи стратешко отворање за двете земји.

Додава дека се отворија и нови можности за економска и трговска размена и странски директни инвестиции, а го споменува терминалот за гас во Александруполи, како пример на „заедничко вложување што се очекува да донесе взаемна корист за двете земји“.

За спроведувањето на Договорот и евентуалните доцнења на комисиите, објаснува дека клучниот дел е веќе имплементиран, а во име на Северна Македонија вели дека „членовите на двете комисии формирани од Преспа се подготвени да учествуваат и тие веќе учествуваа на сите состаноци договорени меѓу двете страни“.

-Се согласувам дека треба да се интензивира темпото на дејствување на комисиите, но, говорејќи за мотивите на другата страна, претпоставувам дека тие се поврзани со внатрешно-политичката динамика во Грција, коментира претседателот.

Изразува надеж дека набргу трите меморандуми за соработка со Северна Македонија ќе бидат ратификувани во грчкиот Парламент, „што ќе го отвори патот за стапување во сила на уште многу билатерални договори“.

-Сите овие документи се значајни за зајакнување на правната основа на нашата соработка, освен политичката, која е многу подобрена во изминатите неколку години, истакнува претседателот.

Во однос на неодамнешниот НАТО самит во Мадрид, објаснува дека војната во Украина целосно ја диктира агендата, истакнува дека „руската војна во Украина целосно го промени геополитичкиот пејзаж на континентот“ и додава во суштина, две клучни одлуки на Алијансата беа предизвикани од руската инвазија на Украина: „новиот стратешки концепт на НАТО каде Русија беше дефинирана како најголема безбедносна закана за Алијансата и второ, покана до Шведска и Финска да се приклучат на Алијансата“.

Потенцира дека „Русија ги произведува најсериозните хибридни закани за балканскиот регион, вклучително и политичка пропаганда и кампањи за дезинформација“.

-Поконкретно, во Северна Македонија, сложеноста и интензитетот на хибридните закани се слични на оние во 2018 година за време на нашиот референдум за прашањето за името. Немам информации за другите земји од Западен Балкан, но неколку кревки точки во регионот се добро познати и Москва секако ќе се обиде да навлезе подлабоко во нив, објаснува претседателот.

За грчко – турските односи, претседателот вели дека и двете земји се наши блиски сојузници во НАТО и со двете имаме блиски историски врски, а балансираните односи во Грција и Турција се клучни за стабилноста на Балканот, Медитеранот и Блискиот Исток, но и за Алијансата.

На прашањето дали е оптимист за втор мандат како претседател на Северна Македонија, Пендаровски вели дека уште од првиот ден е фокусиран на управувањето „низ немирните води на домашната и меѓународната политика“, во име на земја и најдобро што може.

Додава дека за него една работа е важна, а тоа се ставовите и поддршката на неговите сограѓани и никогаш не размислувал за какви било идни потези без поддршка од народот.

На крајот од интервјуто за „Етнос.гр“, открива дека Грција, првпат ја посетил во 1976 година, кога бил на одмор со неговите родители  и оттогаш, често патува и како турист и како дел од државни делегации и како експерт за меѓународни конференции, а најдраго местото му е островот Тасос.

Next Post

Следните денови претежно сончево и потопло

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk