Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, од денеска престојува во дводневна работна посета на Рим.
Во рамки на посетата, вицепремиерката Грковска, како што соопшти владината прес-служба, ќе има работна средба со италијанскиот министер за јавна администрација Ренато Брунета.
Таа ќе се сретне и со претседателот на италијанската Национална антикорупциска комисија (АНАК), Џузепе Бузиа, а ќе одржи и работен состанок со Диего Сабатино, експерт за јавни набавки во Државниот совет на Италијанската република.
Вицепремиерката Грковска ќе го посети и Универзитетот Луис Гуидо Карли, а ќе има средба и со Роксана Албистеану, менаџер за јавна политика за Југоисточна Европа на компанијата „Амазон Веб сервиси“./МИА/.