ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Кузеска: Мицкоски го руши македонскиот јазик, срамно тврди дека е кодификуван 1977 година

July 11, 2022 16:50
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Христијан Мицкоски оди по странски телевизии и го руши македонскиот јазик, со срамни тврдења дека нашиот македонски јазик бил кодификуван во 1977 година, изјави на денешната прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

„Македонскиот народен јазик постоел, постои и ќе постои се додека има Македонци кои го говорат својот мајчин јазик. Но, срамота е за Мицкоски, срамота е за еден македонски политичар да не знае кога е кодификуван неговиот јазик.

А Мицкоски на српска телевизија, пред српската јавност, тврдеше дека македонскиот јазик бил кодификуван дури во 1977 година.

Да ги слушнеме изворно ставовите на Мицкоски за македонскиот јазик:

Дали е ова незнаење или намерен обид да се загрози македонскиот јазик, тоа треба да каже самиот Мицкоски.

Но, секој ученик по македонски јазик и секој македонски граѓанин знае дека Кодификацијата на Македонскиот јазик е поврзана со следниве историски настани:

Прво, со Решението на Првото заседание на АСНОМ (2 август 1944) за воведување на македонскиот како службен јазик во македонската држава;

Второ, со Решението на Президиумот на АСНОМ од мај 5 мај 1945 година за македонската азбука;

И трето, со официјалното усвојување на македонскиот правопис – 7 јуни 1945 година.

Затоа и Владата предводена од СДСМ го усвои 5 мај за Ден на македонскиот јазик, на денот кога е усвоена македонската азбука.

Ова се почитувани, историските документи кои очигледно Мицкоски не ги знае.

При вакви историски факти, да се тврди дека македонскиот јазик е кодификуван дури во 1977 година е нанесување директна штета на македонските национални интереси.

Сега е уште повеќе јасно зошто ВМРО-ДПМНЕ во нивното 11 годишно владеење не отворија уста за македонскиот јазик, зошто намерно дозволија пропаѓање на бројни лекторати по македонски јазик ширум Европа.

Мицкоски треба ова да го прочита, да го научи, за да си ги научи корените.

А до тогаш да престане да оди странски телевизии за да не се брука себеси и сите нас со изјави дека македонскиот јазик ни бил кодификуван 1977 година.“, изјави портпаролката Кузеска.

Next Post

Словенија го воведе првото ниво на предупредување поради намаленото снабдување со гас

Shortcut

Најново

Од нетранспарентни измени на Изборниот законик до изборен блеф: Како Мицкоски ја тестира опозицијата

August 21, 2026

Мицкоски тврди дека пензиите растат рекордно, Филипче обвинува за криминални тендери и осиромашување на граѓаните

August 21, 2026

Хуманитарен концерт во Велес „Заедно за подобро утре“

August 21, 2026

ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

August 21, 2026
Министерот за здравство, Сашо Клековски, прес, 21 август 2026 (скриншот од видео на министерството за здравство)

Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

August 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk