ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Османи: Анти-наративот за францускиот пакет е заснован на неточни, погрешни толкувања

July 12, 2022 20:33
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со оваа формулација во рамката, стравовите за јазикот се неосновани. Сега прв пат имаме шанса да го затвориме тоа прашање. Граѓаните имаат право на протести, на критики и на политички активности, но целиот овој анти-наратив е заснован на неточни, погрешни толкувања на францускиот пакет, рече вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи, јавува МИА.

Во гостувањето на ТВ Сител, Османи подвлече дека нема никаква бугаризација, ниту наметнување, а нашите учебници не може никој да ги смени. Таквите шпекулации, оцени, се страшила што се користат за некој да добие политички поени и никако не се во интерес на граѓаните.

Во оваа фаза, потенцира Османи, нема почиста формулација за јазикот отколку што има во рамката предложена од француското претседателство. Рамката нема врска со Протоколот, а Протоколот ќе биде објавен, како што рече шефот на дипломатијата, пред неговата средба со бугарската министерка Теодора Генчовска.

Според Османи, логиката да остенеме блокирани за да не не блокира Бугарија во иднина, е ирационален пристап.

-Сите шпекулации во јавноста за предлогот се неосновани, луѓето се вознемируваат непотребно, јазикот е чист, историските прашања не се одредници за прогрес во процесот, има „фул“ почеток на преговори веднаш откако ќе дадеме пас за овој процес. Нема бугаризација, нема наметнување, никој не може да смени наши книги и споменици. Тоа се страшила што се користат за некој да добие политички поени и никако не се во интерес на граѓаните. Интересот на граѓаните е сега да се придвижиме кон ЕУ и да ги зајакнеме демократските институции. Да го почнеме процесот, а во текот на преговорите ќе ги надминеме сите разлики, потенцира Османи.

Тој објасни и дека унилатералните изјави немаат никакво правно значење, туку се само за домашна употреба.

-Бугарија, иако ќе каже нешто за својата јавност, ќе гласа за рамка во која македонскиот јазик е чист. И ние сега се обидуваме да се фатиме во нешто што е тотално неважно во услови кога првпат во нашата историја имаме ваков документ и предлог што го прифаќа Бугарија. Цело време бугарската позиција беше дека нема шанси во рамката да стои македонски јазик. Се бараше да стои „официјален јазик“ на Северна Македонија. Потоа имаше и други опции, за сега, ова решение да биде апсолутно чисто. Сами да ја напишевме рамката, не можевме поинаку да напишеме за јазикот. Тоа се формулациите, рече Османи.

Во однос на собраниската седница закажана за четврток, на чиј дневен ред ќе биде францускиот предлог, Османи истакна дека најважни ќе бидат заклучоците, односно насоките што ќе и бидат испорачани на Владата.

-Најважни ќе бидат заклучоците на Собранието во кои ќе се даде јасен мандат на Владата што може, а што не во текот на преговарачкиот процес. Имам некои информации за какви заклучоци разговараат пратеничките групи. Мислам дека заклучоците ќе имаат важна тежина за да дадат насока, рече министерот.

Османи во гостувањето порача и дека мора да ставиме крај на циклусот на омраза во кој сме влезени со Бугарија.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Вашингтон и испраќа на Украина нов пакет економска помош

НАЈНОВО

Кабранов и Зенку анализираат: Жестока предизборна реторика, притисоци врз опозициските кандидати

September 16, 2025

Почнува новата сезона во Лигата на шампиони

September 16, 2025
Фото: Скирншот, АП

Рубио најави можна средба меѓу Трамп и Зеленски во Њујорк следната недела

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ја објави листата на кандидати за советници за Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk