Демократската унија за интеграција (ДУИ), ги поздравува позитивни реакции на целиот демократски свет за историската одлука “за” францускиот предлог донесена од Собранието на Северна Македонија, кој ја запечати идеолошката ориентација на земјата без друга алтернатива, онаа за интеграција во Европската Унија.
Оттаму истакнуваат дека Вашингтон, Брисел, Берлин, Париз, Рим, Лондон и сите главни градови на евроатлантските земји високо ја ценат храброста на прогресивните сили што ја водат земјата.
„Неколкуте неистомисленици, ВМРО и Левица, остануваат изолирани и обединети во духот на регресивните проруски сили.
Огромното мнозинство од граѓаните на земјата не се идентификуваа со руската агенда, не потпаднаа на измами, провокации и не ги поддржаа протестите што сакаа да ја вратат земјата наназад по сите тие заеднички достигнувања и да ја сменат нејзината стратешка ориентација.
Денес е време на определување, кој е со Европа, кој е против, кој е со НАТО, а кој против, кој се усогласува со евро-американските сили, а кој со проруските. Нема сива зона, нема недефинирано.
Демократската унија за интеграција смета дека огромно мнозинство граѓани ги поддржуваат евро-американските прогресивни сили и нема да дозволиме отстапување од евроатлантскиот курс на земјата.“, се наведува во соопштението од ДУИ.
—