Гостиварската полиција денеска околу 13 часот на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар го лишиле од слобода Г.Б.(40) од Скопје, поради сомнение дека денеска од паркинг на Градежен институт-Скопје одзел патничко возило „тојота хајлукс“, сопственост на Институтот, кое било оставено со клучеви на бравата.
-Денеска околу 12.00 часот во ЕВР Карпош, вработен во Градежниот институт пријавил дека било одземено возилото од паркингот, по што биле преземени мерки и во координација со Полициската станица Гостивар, возилото било сопрено, а сторителот бил приведен, информираат од МВР.
Оттаму додаваат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава./МИА/