Законот за Јавно Обвинителство влегува во Собраниска процедура. За утре во 14:00 е закажана јавна расправа во Собраниската комисија за пoлитички систем и односи меѓу заедниците, потврдија за Цивил Медиа од Министерството за Правда.
Темата е насловена: „Јавното обвинителство како ефикасен орган во борба против корупцијата“, а на неа ќе учествуваат сите пилитички партии, стручната јавност, невладини организации, а присутен ке биде и Јавниот државен обвинител, Љубомир Јовески. Вчера премиерот Оливер Спасовски, ги повика сите партии а особено опозицијата, државните интереси да ги стават над личните и партиските интереси и да придонесат во донесување на квалитетен закон со кој ќе се врати правдата и ќе се зацврстат позициите на земјата за добивањето на датум за преговори.
А.Зеќири