Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.238 тестови, а регистрирани се нови 178 случаи на КОВИД-19.
Во: Скопје – 101, Прилеп – 11, Кавадарци, Гостивар и Охрид – по 10, Струга – 8, Тетово – 7, Битола и Неготино – по 5, Кочани – 3, Струмица – 2, Куманово, Штип, Гевгелија, Ресен, Радовиш и Дебар – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (178), регистрирани се 33 реинфекции.
Регистрирани сe 592 оздравени пациенти од: Скопје – 259, Битола – 42, Куманово – 34, Прилеп – 32, Велес –31, Кавадарци – 30, Тетово – 29, Штип – 20, Охрид – 19, Гостивар – 17, Кичево – 12, Струмица – 11, Неготино – 10, Гевгелија – 9, Радовиш – 8, Кочани – 6, Крива Паланка и Валандово – по 4, Ресен и Берово – по 3, Струга, Кратово и Дојран – по 2, Дебар, Богданци и Пехчево – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа се пријавени две починати лица од Скопје (72г и 60г) починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се регистрирани две починати лица, од Битола (67г) и од Струга (65г). Двете лица се починати во домашни услови. Лицата за починати се пријавени во период од 13.07. – 23.07.2022 година.
Направени се 1.238 теста преку: ИЈЗ-37, ЦЈЗ Скопје-29, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово-0, ЦЈЗ Куманово-6, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, Жан Митрев (Филип Втори)-11, Авицена-18, Биотек-18, Систина-20, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност-15, Генеа-0, Никоб Лаб-42, ВФВ Медикал-3, Ели Медика Плус-2, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб–4, Жан Митрев Струмица–2, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 1.031
Досега во земјата се направени вкупно 2.121.690 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 329.172, бројот на оздравени пациенти е 315.675, на починати е 9.381, а бројот на активни случаи изнесува 4.116