ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО ОБРАЗОВАНИЕ

Нова спортска сала во Студеничани, инвестиција на МОН од речиси 24 милиони денари

August 4, 2022 21:55
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Општина Студеничани доби нова училишна спортска сала во село Морани, а се работи и на ново основно училиште во населеното место Љубош. Двете капитални инвестиции ги реализира Министерството за образование и наука, за што се одвоени над 70 милиони денари од државниот буџет.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска беше во посета на Студеничани и, како што информира МОН, потенцираше дека во последните неколку години оваа општина значително се урбанизира од сите можни аспекти, а особено инфраструктурно.

Голема заслуга за тоа, рече Шаќири, има и раководството на локалната самоуправа, но и Владата на Република Северна Македонија која води политика на подеднаков третман на сите региони и општини, со единствена цел – да се подобри стандардот и квалитетот на живот на граѓаните.

-Морани денес добива нова спортска сала, современ објект во склоп на основното училиште „Наим Фрашери“ во кој вложивме речиси 24 милиони денари. Најзадоволни ќе бидат учениците од ова училиште кои од септември конечно ќе можат достоинствено да ги реализираат часовите по предметот физичко образование, онака како што доликува. Спортската сала е опремена со реквизити за одбојка, ракомет, мал фудбал, кошарка, пинг понг и гимнастика, додека објектот е целосно енергетски ефикасен и ги задоволува сите стандарди дури и за професионални натпревари по спортовите кои ги споменав, рече Шаќири

Министерот посака спортската сала да се користи што повеќе и да биде место од каде ќе произлезат многу нови спортисти, репрезентативци, но најважно е, како што рече, да биде место од каде ќе произлегуваат многу нови, здрави генерации кои ќе бидат правилно насочени – кон спорт, наместо кон пороци.

За новото училиште кое се гради во селото Батинци, поточно во населеното место Љубош и ќе функционира како подрачно на ОУ „Алија Авдовиќ“, МОН одвои над 47 милиони денари.

– Овој дел од општината навистина имаше потреба од училиште. Досега дечињата од тука, кои се многу на број, секојдневно патуваа за да учат во други објекти, но повеќе нема да биде така. Тие ќе си учат во близина на нивното место на живеење и тоа во навистина модерен објект, рече Шаќири, најавувајќи и други капитални инвестиции во Студеничани во иднина.

Next Post

Приведено лице за извршено разбојништво во аптека во Прилеп

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk