ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Грковска: Да се зголеми транспарентноста и отчетноста во спортот, потребна е ревизија на системот за спортски ваучери

August 8, 2022 12:27
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СПОРТ
Share on FacebookShare on Twitter

Потребно е да се најде подобар модел за ваучерскиот систем во спортот, кој ќе биде поправеден и ќе биде реализиран директно преку клубовите затоа што општ заклучок е дека сегашниот модел на исплата преку федерации не функционира како што треба, и секако да се зголеми транспарентност и отчетност во спортот, изјави заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска која денеска гостуваше на утринската програма на Националната радио телевизија.

Грковска истакна дека проблемот со корупцијата во спортот е препознаен и од Обединети нации и за првпат е ставен во нивната програма како еден од главните проблеми кои што на светско ниво би требало да се решаваат.

И токму затоа нејзиниот кабинет, во соработка со Канцеларијата на Обединети нации за борба против дрога и криминал (UNODC), започна со организирање на конференции во областа на спортот за да се слушнат сите слабости од страна на спортските субјекти. До сега се одржани две стручни конференции, едната во Скопје, другата во Струмица.

„Одлучивме отворено да зборуваме за корупцијата во спортот и тоа беше препознаено од сите дека за прв пат некој од владина структура го отвора прашање. Сметам дека најдобар начин да се решат проблемите е да се соочите со нив и отворено да разговарате за нив.

Во периодот што следува ќе се посветиме на реализација на заклучоците од двете конференции, особено во делот на измена на Законот за спорт, заедно со министерот за правда Никола Тупанчески, зашто тој закон е на Министерството за правда и секако со директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсоски и сите останати чинители“, потенцираше Грковска.

Next Post

Почнува аплицирањето за субвенционирање стари занаети во Скопје

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk