„Сегашниот состав е во ред да остане до завршување на мандатот, но Предлог законот предвидува во иднина да се бираат нови. Критериумите и за шефот и за обвинителите на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, треба да бидат построги“, рече обвинителката Фатиме Фетаи.
„Како би го тргнале теретот од Советот и зголемувањето на довербата предлагам два избори да се прават. Прво во постапката за избор на шеф да биде вклучена и Канцеларијата на ЕУ во Скопје, почнувајќи од моментот на интервјуирање до избор и да имат право да дадат мислење. Вториот момент јавноста да биде максимално запознаена, дали тоа да биде преку објавување на CV и јавно интервју. Само на тој начин ние ќе бидеме способни да ја тргнеме целата прашина која се крева во јавноста за Јавното обвинителство“, рече Фетаи.
А.Зеќири