ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Доналд Трамп бара да биде прогласен за претседател веднаш или да се одржат нови избори

August 30, 2022 14:52
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

По извршениот налог за претрес на ФБИ за одземање доверливи документи од неговиот дом, поранешниот американски претседател Доналд Трамп побара веднаш да биде поставен за претседател на САД, 22 месеци откако ги изгуби изборите во 2020 година, јавуваат американските медиуми, пренесува Мета.мк.

Трамп предложи и поинакво решение – доколку сега не биде вратен во Белата куќа, побара гласањето од 2020 година да се прогласи за „компромитирано“ и да се одржат нови избори веднаш.

Трамп, кој постојано тврди дека последните претседателски избори биле украдени поради измама, се обрати на неговата сопствена платформа за социјални мрежи наречена „Truth Social“.

„Ова е масовна измама и мешање во изборите на ниво што досега не е видено во нашата земја. Лек: прогласете го вистинскиот победник или, а тоа би било минимално решение, прогласете ги изборите во 2020 година за непоправиливо компромитирани и одржете нови избори, веднаш“, напиша Трамп на неговата сопствена страница, коментирајќи дека лесно ќе победел на последните избори доколку ФБИ не ја „закопала“ приказната за лаптопот на синот на Џо Бајден, Хантер Бајден.

Конзервативците во САД последниве денови ги коментираат забелешките дадени од првиот човек на Фејсбук, Марк Закерберг, за начинот на кој оваа социјална мрежа се справила со приказната за лаптопот на Хантер Бајден непосредно пред изборите во 2020 година. Во подкастот на Џо Роган, Закерберг откри дека Министерството за правда на САД го предупредило Фејсбук да биде внимателен во врска со руската пропаганда во деновите на изборната кампања.

Закерберг, конкретно, рече дека федералните служби не ја означиле оваа приказна како дезинформација, но платформата го ограничила дофатот на веста за Хантер Бајден на „Њујорк Пост“, поради тоа што проверувачите на факти утврдувале дали е вистина.

Next Post

Пратеникот Талевски донираше пратеничка плата за семејствата од Прилеп чии куќи изгореа во пожар од гром

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk