Ваучер во висина на пратеничка плата за градежни материјали, како помош на семејствата чии што куќи изгореа до темел во пожарот предизвикан од гром на 28-ми минатиот месец во Прилеп, донираше пратеникот од СДСМ, Миле Талевски. На социјалните мрежи, Талевски упати апел до сите добронамерни луѓе, стопанственици да помогнат на овие прилепски семејства за што побрзо да го надминат тешкиот период и да се вратат во своите домови.
Во пожарот во Прилеп, предизвикан од гром, за неколку минити изгореа четири куќи кои беа слепени една до друга. Немаше повредени, но за семејствата сè уште трае агонијата за реконструкција или евентуална повторна изградба на домовите.
Ј. Ѓ.