ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

МФ: Се обезбедуваат 100 милиони евра за справување со енергетската криза и капитални инвестиции

September 1, 2022 13:19
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Повеќе од 100 милиони евра обезбедува државата за справување со енергетската криза и за капитални инвестиции за подобрување на комуналната инфраструктура во општините. Вчера на владина седница беа усвоени одлуките, чијашто крајна цел е подобрување на условите за живот на граѓаните, информираат од Министерството за финансии.

Со одлуката, од денеска на ЕСМ и се ставаат на располагање 3,1 милијарда денари или околу 50 милиони евра со цел компанијата да го зголеми производството и да обезбеди дополнителни количини на електрична енергија.

Финансиската поддршка ЕСМ ќе ја искористи и за снабдување со основни суровини јаглен, мазут и друго што е во функција на поддршка на продолжување на производството на електрична енергија, а заради непречено снабдување со електрична енергија. Ова е во насока на мерките што се преземаат за обезбедување  непрекинато снабдување со електрична енергија во период на глобална енергетска криза, велат од МФ.

Истовремено, средства во износ од 50 милиони евра се обезбедуваат и за реализација на капитални инвестиции за подобрување на водната инфраструктура на општините. Овие средства државата ќе ги обезбеди од Европската инвестициска банка, а општините ќе ги добијат како донација. Со ова државата значително им помага на општините за реализација на клучни инфраструктурни проекти во време на криза.

Вчера на владина седница беше усвоен предлог законот со кој се овозможува обезбедување на средствата и истиот треба да биде усвоен од пратениците во наредниот период. Проектот има за цел подобрување на условите и подигнување на квалитетот на животот на граѓаните и е дел од политиката на Владата за рамномерен регионален развој, информираат од МФ.

Овие средства ќе бидат наменети за рехабилитација, модернизација и проширување  односно изградба на инфраструктурата за водоснабдување, како што се довод за вода, станици за третман на вода, главни преносни мрежи на сурова или прочистена вода, мрежи за водоснабдување вклучувајќи пумпни станици и приклучоци на куќи, мерење на големо и на потрошувачи, мерки за енергетска ефикасност.

Понатаму, средствата ќе се користат и за рехабилитација, модернизација и проширување  односно изградба на инфраструктура за собирање и третман на отпадни води, како што се канализациони мрежи вклучувајќи приклучоци за куќи и пумпни станици, пречистителни станици. Воедно, значајни се и предвидените капитални инвестиции за рехабилитација, модернизација и проширување  односно изградба на системи за атмосферска канализација и итни мерки за заштита од поплави, потенцираат од Министерствотоз за финансии.

Имплементатор на проектот ќе биде Министерство за животна средина, а корисници на средствата ќе бидат општините и градот Скопје.

 

Next Post

РКЕ: Бензините поевтинуваат за два денара, цената на дизелот останува иста

Shortcut

Најново

СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

November 2, 2026

Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

November 2, 2026
Протести во Италија, 2026

Автентичните граѓански протести во Европа и пропагандата стратегија на Кремљ

November 2, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Злобни напади врз чесната власт

November 1, 2026

Апсењето на Кричак: Пресметка во српскиот безбедносен апарат или почеток на институционални промени?

November 1, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk