ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Потпишан Меморандум за соработка и координација за ефикасна и ефективна примена на Законот за рестриктивни мерки

September 5, 2022 12:55
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Меморандум за соработка и координација за ефикасна и ефективна примена на Законот за рестриктивни мерки денеска  во Клубот на пратеници потпишаа министрите за внатрешни работи Оливер Спасовски, за  надворешни работи Бујар Османи, заменик обвинителот на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, Ферат Елези, директорот на Управата за финансиско разузнавање, Блажо Трендафилов, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски и директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу.

Меморандумот претставува основа  за постапување во рамки на законските надлежности на овие институции во насока на градење ефективен и ефикасен систем во примената на меѓународните рестриктивни мерки, засновано на начелата на законитост, непристрасност и независност, професионалност и стручност во постапувањето, а во врска со одредбите од Законот за рестриктивни мерки.

Преку него на едно потесно оперативно рамниште, појаснуваат од МВР, се дефинираат низа можности и активности што треба да се преземат со цел постигнување максимална функционалност во спроведувањето на нормите пропишани во Законот за рестриктивни мерки хармонизиран со законодавството на ЕУ, меѓународните норми при ООН или другите мултилатерални или билатерални акти што нашата земја ги има верификувано.

Интенцијата е стриктно почитување не само на преземените меѓународни облигации, туку и градење механизми кои ќе имаат за цел да придонесат во одржувањето на меѓународниот мир, безбедноста, почитувањето на човековите права и основните слободи и развојот на демократијата и владеењето на правото, соопштија од МВР.

Next Post

Обвинетите за убиството на Денис Тот не се чувствуваат виновни, судењето продолжува на 14 септември

НАЈНОВО

Foto: Wikimedia Commons

Додик и семејството извадени од американската црна листа

October 29, 2025
ФФМ. Фото: Б. Јордановска

Доживотна суспензија за двајца фудбалери на Беса Слупчане и суспензија од 10 натпревари за теренот

October 29, 2025
Фото: Народен театар „Војдан Чернодрински“-Прилеп

Во прилепскиот театар се подготвуваат претставите „Црнила“ и „Ловец во р’жта“

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град Скопје: Мицковски лично го оркестрира хаосот во Комунална хигиена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk