ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пендаровски се обрати по повод почетокот на Шестата регионална конференција на телата за еднаквост во ЈИЕ

September 6, 2022 08:56
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на државата Стево Пендаровски се обрати на свечениот прием по повод почетокот на Шестата регионална конференција на телата за еднаквост во Југоисточна Европа, чиј домаќин е Комисијата за спречување и заштита од дискриминација на Република Северна Македонија.

Како што соопшти денеска Кабинетот на Претседателот, Пендаровски им посака успешна работа на учесниците и позитивни резултати од конференцијата, посочувајќи дека сузбивањето и борбата против дискриминацијата претставуваат предизвик не само за нашата држава и регион, туку и за многу поразвиени општества и демократии.

Како што формите и опфатот на дискриминација, за жал, постојано се прошируваат, така се наметнува и потребата од прилагодување на националните законодавства, прифаќање на добрите практики  и професионален пристап на сите надлежни институции и организации, со цел, да се обезбеди ефективно спроведување на принципот на еднаквост во буквално сите области од општественото живеење, истакна во обраќањето Пендаровски.

Тој посочи дека овие регионални конференции претставуваат можност за размена на добрите практики и споделување корисни идеи и искуства помеѓу националните механизми за заштита на човековите права и телата за еднаквост, а со цел да ја подобриме работата на сите фактори во овој сегмент.  

Претседателот потенцираше дека во оваа прилика е добро да потсетиме дека Северна Македонија изминативе години направи голем исчекор на ова поле, и легислативен, и практичен.

За успешна борба против дискриминацијата, неопходно е да имаме независни тела, кои ќе имаат знаење и капацитет да се справат со обврските, а тоа значи доследно да се имплементираат законските одредби за заштита на човековите права. Тоа понатаму значи координирано и навремено реагирање заради превенирање и санкционирање на сите форми на дискриминација. Во оваа прилика, сакам јавно да повторам дека ќе продолжам целосно да ги поддржувам напорите на Комисијата, особено во насока на подигање на јавната свест, информирање и едукација на граѓаните за сите видови дискриминација со кои тие се соочуваат, рече претседателот Пендаровски.

Шефот на државата изрази благодарност до Мисијата на ОБСЕ во Скопје, која во континуитет ги поддржува активностите во овој важен сегмент, преку поддршка и јакнење на националните механизми за антидискриминација. 

Кабинетот на Претседателот и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација неодамна потпишаа Меморандум за соработка, со цел преземање  координирани активности за промоција на заштитата и обезбедување целосно и еднакво уживање на човековите права и основни слободи.

Next Post

Надал по елиминацијата на УС Опен: Не можам повеќе да го задржам тоа темпо

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Теоријата на панспермија – животот како космички вирус

November 1, 2025
Протести Србија. Фото: Скриншот, ТВН1

(ВИДЕО) Европски социјалдемократи: Ние сме со демонстрантите во Србија кои протестираат веќе една година

November 1, 2025

(ВИДЕО) Како да пријавите изборни нерегуларности во ЦИВИЛ

November 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk