ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

РКЕ бара да не се издава одобрение за градење на зграда без обврска за приклучок за парно

Според претседателот на РКЕ Марко Бислимовски, тоа е во насока на оптимизирање на потрошувачката на струја, но и од аспект на загадувањето затоа што топланите во Скопје користат природен гас и од нив има најмало загадување.

January 29, 2020 11:43
in ЕКОНОМИЈА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ќе инсистира  со новиот закон за градба, што се подготвува при издавање одобрение за градба инвеститорите да се обврзат дека зградата што ја градат ќе ја приклучат на организиран систем на топлинска енергија таму каде што има таков систем.

Според претседателот на РКЕ Марко Бислимовски, тоа е во насока на оптимизирање на потрошувачката на струја, но и од аспект на загадувањето затоа што топланите во Скопје користат природен гас и од нив има најмало загадување.

– Како РКЕ при  носењето на новиот закон за градба ќе инсистираме при издавање одобрение за градење точно да биде наведен и начинот на греење што ќе биде во самиот објект за да немаме случаи со згради што се наоѓаат покрај  топланите во Скопје да не се приклучуваат на топлинска енергија, затоа што наводно ќе се грееле на струја. Тоа е апсолутно нелогично решение и како РКЕ  со нашите надлежности ќе се спротивставивиме на тоа имајќи во предвид дека овој тип на издавање одобрение за градба е веќе дефиниран во земјите на Европската унија, изјави Бислимовски, одговарајќи на новинарски прашања пред денешната јавна расправа за Предлог-мрежните правила за пренос на електрична енергија на АД МЕПСО.

Не може, дополни Бислимовски, секој да си прави како што сака кога постои организиран начин на затоплување. – Ние не сме богата земја енергетски па да правиме и да се изживуваме во системот.  Тоа е тоа што имаме и апсолутно максимално треба да ги искористиме капацитетите што ги поседуваме. Ние сме увозно зависна земја, увезуваме 100 проценти природен гас, и нафта увезуваме, а и 30 проценти електрична енергија секоја година. Значи, треба да разбереме дека треба да се однесуваме одговорно кон трошењето на кој било тип енергија,  нагласи Бислимовски.

Тој информираше дека изминатиот период има зголемен број нови згради што се приклучуваат на системот на топлинска енергија.

Како што потенцираше, РКЕ за две-три недели ќе има конечен став во однос на постапката за издавање лиценца за топлинска енергија на град Скопје, што сега е запрена. Сегашниот снабдувач БЕГ ќе продолжи да работи оваа грејна сезона.

– Постапката е запрена. Добивме податоци од Град Скопје, се обративме и до Владата и во текот на наредните две-три недели ќе ги разгледаме сите информации и ќе донесеме конечен став за постапката за издавање  лиценца. Како и да е скопјани треба да бидат безгрижни БЕГ оваа сезона ќе продолжи да си работи и ќе нема промени во текот на грејната сезона, рече Бислимовски и најави дека по завршување на грејната сезона ќе има конкретни податоци од операторот на дистрибутивниот систем за бројот на потрошувачите кои повторно се вратиле во системот.

Next Post

Поднесено обвинение за негувателката која тепаше дете во игротека во Аеродром

Shortcut

Најново

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

October 19, 2026
Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Рускиот терор продолжува, Путин би преговарал со Трамп и Си – ЦИВИЛ: Ништо за Украина без Украина

October 19, 2026
Фото: Генерирано со ВИ

Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и НАИ ќе се соочат во вториот круг за градоначалник на Брвеница

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
Протести во Албанија, октомври 2026 (globalnews.ca)

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ) Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk