ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Продолжува трендот на раст во ТИРЗ – договори за инвестиции на над 370 милиони евра, 1300 нови работни места од почетокот на годинава

September 10, 2022 09:29
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во првите осум месеци од годинава во компаниите во ТИРЗ се отворени над 1.300 нови работни места со што продолжува трендот на раст на вработените од почетокот на годинава, покажува редовната анализа на ТИРЗ. Само во август во компаниите во зоните се отворени над 200 нови работни места со што вкупниот број на вработени порасна и достигна 15.328. Ова е за 8,5 отсто повеќе споредено со истиот месец минатата година, односно за 16,5 проценти повеќе во однос на август 2020 година.

Позитивниот тренд на раст од почетокот на годинава продолжува и во однос на извозот и увозот. Заклучно со август извозот од ТИРЗ порасна и надмина 2,3 милијарди евра, што е највисоко ниво во последниве четири години споредено со истиот период. Извозот од јануари до август е за 13 отсто повисок во однос на истиот период во 2021 односно 70 проценти повисок во однос на 2020 и 25 отсто и 48 проценти повисок споредено со 2019 односно 2018 година. Само во август компаниите во ТИРЗ оствариле извоз од речиси 300 милиони евра што е за 8 отсто повеќе од август минатата година, се наведува во анализата.

-Од јануари до август 2022 година регистриран е увоз од 2,1 милијарди евра што е највисоко ниво споредено со истиот период во изминативе четири години. Ова е за 4 отсто повеќе во однос првите осум месеци од 2021, односно за  70 проценти  споредено со 2020, и за 22 отсто и 62 проценти повеќе споредено со 2019, односно 2018 година. Увозот кај компаниите во ТИРЗ во август е 283 милиони евра што е за 5 отсто повисоко од истиот месец лани. Заклучно со август и нето извозот е 8,5 проценти, информираат од ТИРЗ.

Во првите осум месеци од годинава во ТИРЗ се постигнати договори со вкупен обем од над 370 милиони евра од кои две се досега најголеми инвестиции со поединечни вложувања од над 100 милиони евра – германската фармацевтска компанија Гересхајмер вложува 126 млиони евра во нов капацитет и германскиот производител на електро-автомобили Е.го ќе вложи 130 милиони евра. Во тек се преговори со и со повеќе други потенцијални инвеститори, а во рамки на новиот концепт на работа на ТИРЗ, воведен минатата година. 

Next Post

Британските министри ќе ја имаат првата аудиенција кај кралот Чарлс Трети

НАЈНОВО

Папа Лео XIV Фото: Скриншот

Папата повика на „длабоко размислување“ за третманот на мигрантите во САД: Го критикуваше Трамп за масовните депортации

November 6, 2025

Планот на Исакман за НАСА вклучува беспилотна мисија на Марс следната година и соработка со SpaceX

November 6, 2025
Скриншот

Јапонија и САД ќе соработуваат во рударството на ретки земни метали кај островот Минамиторишима

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk