ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Кузеска: СДСМ се бори со кризата и ги штити граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ блокира

September 10, 2022 17:15
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата и институциите предводени од СДСМ одговорно и посветено работат на надминување на последиците од глобалната енергетска криза. Во пресрет на најтешката зима по Втората светска војна, Владата предводена од СДСМ презема конкретни чекори за зголемено производство на струја, обезбедување доволни количества енергија, но и поддршка на граѓаните и стопанството за полесно справување со последиците, истакна денеска на прес-конференција портпаролката на владејачката партија, Богданка Кузеска.

Таа изјави дека „во таа насока е и одлуката за ограничување на трговската маржа на електричната енергија со што им се излегува в пресрет на компаниите, училиштата и други субјекти кои со електрична енергија се снабдуваат на слободниот пазар’.

Планот за производство на ЕСМ, државната компанија за производство на електрична енергија, е зголемен за 25 отсто. Цената на електричната енергија за крајните потрошувачи, односно домаќинствата, и натаму ќе биде субвенционирана од страна на државата во висина од 80 отсто. Покрај ова се преземаат и долгорочни решенија за зголемено производство на електрична енергија и намалување на зависноста од увозот на струја. Со законски измени, секој покрив станува мини електрана со поставување на фотонапонски панели за што постапката е многу поедноставена, нагласи портпаролката на СДСМ.

Според неа, Владата има јасен план за пребродување на овој кризен период, се до април 2023 година и продолжува посветено да работи во интерес на сите граѓани и стопанството.

Додека СДСМ презема мерки во интерес на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски, по секоја цена продолжуваат со блокадите. Наместо конструктивност, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со барањата за избори, за референдум се обидуваат да го попречат нормалното функционирање на институциите, на штета на домашната економија, на штета на граѓаните. Нивното такво деструктивно однесување одново ќе биде поразено, изјави Кузеска.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Украинскиот претседател Володимир Зеленски

Зеленски до Макрон: Да се демилитаризира нуклеарната централа Запорижје

НАЈНОВО

Левица ќе поднесе тужба во Стразбур по одлуката на Уставниот суд

October 15, 2025
Фото: Фон дер Лајен / X

„Топката е во вашиот двор“ – Урсула фон дер Лајен со порака до Владата за уставните измени и членството во ЕУ

October 15, 2025
Фото: МИА

Значително oштетен споменик на културата во Струга при ископ за изградба на соседен објект

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 15 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk