Погребот на британската кралица Елизабета Втора, која почина на 8 септември по 70 години минати на тронот, ќе се одржи во понеделник, на 19 септември во 11 часот, изјави денеска еден од англиските благородници задолжен за државни работи.
Ковчегот утре ќе биде пренесен од замокот Балморал во Единбург, а во вторник ќе биде префрлен во Лондон, објавија западните медиуми.
Посмртните останки ќе бидат во Вестминстерската сала од среда до денот на погребот, кој ќе се спроведе во лондонската Вестминстерска опатија.
Ќе ја извршиме нашата должност во наредните денови со тага во срцата, но и со најцврста решеност да обезбедиме достојно збогување со една од клучните личности на нашето време, изјави грофот маршал Едвард Фицалан-Хауард, војвода од Норфолк.