ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАНИПУЛАЦИИ ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Претседателот на МАНУ Коцарев дезинформира дека „Македонците веќе уште денес ги нема“

September 14, 2022 11:26
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев, шири дезинформации дека „Македонците уште денес ги нема“, изведувајќи погрешен заклучок од документ за упис на факултет.

Коцарев, потпишан како „претседател на МАНУ“ во текстот „МАНУ е пред портите“ (Нова Македонија, 07.09.2022)  пишува:

„Деновиве се врши упис на факултетите во земјава. Случајно ме привлече еден документ, од повеќето документи потребни за упис, со наслов „Изјава за национална припадност“ (не навлегувам во тоа дали е тоа документ потребен на сите универзитети или факултети, зборувам за конкретен факултет), во којшто по впишувањето на името, презимето и матичниот број на кандидатот, изборот се прави со пополнување на квадратчето на националната припадност за која кандидатот се изјаснува, избирајќи една од следните националности: 1. Албанец; 2. Влав; 3. Турчин; 4. Србин; 5. Ром; 6. Бошњак; 7. Друго. Толку!! – Се чини се чека само да се смени Уставот, па следната година да се додаде уште една националност – Бугарин. Значи, не треба да чекаме до 2084, Македонците веќе уште денес ги нема!“

Документот „Изјава за национална припадност“ со години е предмет на манипулации и во медиумите и на социјалните мрежи.

За да ги провери овие тврдења, Институтот за медиуми и аналитика ИМА побара информации од студентските прашања од факултет каде што документот „Изјава за национална припадност“ е поставен он-лајн, од деканатот на факултетот, и од Ректоратот на УКИМ.

Од студентските прашања на ФЕИТ ни одговорија дека „Изјавата за национална припадност“ ја пополнуваат сите останати студенти што не се Македонци, за упис во квотите за припадници на други националности (доколку тоа  го дозволува бројот и утврдената квота).

Од деканатот на ФЕИТ за ИМА одговорија дека изјавата ја пополнуваат студенти, кои не се изјасниле како Македонци, само ако националната припадност не е наведена во свидетелствата и дипломите од средното образование.

Од Ректоратот на УКИМ ни одговорија дека изјавата се користи веќе дваесетина години, откако Владата донела одлуки за дополнителни квоти за упис на факултетите за припадниците на другите националности. Изјавата се користи само за да се утврди националната припадност на кандидатот кој се стекнува со право да биде запишан во квотата за новозапишани од другите националности (затоа што немало во сите свидетелства пополнето на која националност му припаѓа кандидатот за упис).

Од сите овие информации, може да се изведе заклучок дека изјавата се користи при реализација на владините одлуки за „дополнителни квоти за запишување на студенти кои не се мнозинство“.

Уставниот суд уште во 2003 година расправаше за „можноста за запишување на студенти преку дополнителни квоти одредени од страна на Владата на Република Македонија за припадниците на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија“. Тогаш, Уставниот суд утврди дека „преку вака предвидената квота се обезбедува соодветен и правичен пристап на граѓаните кои припаѓаат на заедниците што не се мнозинство во Република Македонија“.

Следствено, од изјавата, која се користи во практика при упис само за реализација на владините одлуки за „дополнителни квоти за запишување на студенти кои не се мнозинство“, не може да се извлече валиден заклучок дека „Македонците веќе уште денес ги нема“. Студентите Македонци се третираат како мнозинство од администрацијата на факултетите, и затоа ги нема во изјавата што се користи при реализација на владините одлуки за „дополнителни квоти за запишување на студенти кои не се мнозинство“.

Според сето ова, произлегува дека претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев – шири дезинформации. Заклучокот што го изведува претседателот на МАНУ – „не треба да чекаме до 2084, Македонците веќе уште денес ги нема!“ – е погрешен заклучок и дезинформација. Македонците ги има при упис на факултетите, но тие не се третираат како припадници на заедниците кои не се мнозинство (и го пополнуваат овој формулар), туку како мнозинство.

Извор: ИМА

 

Next Post

Од 422 градежни дозволи во јули 250 во високоградбата, планирани 907 станови

Shortcut

Најново

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026

Самит за Крим во Њујорк: Политичкиот прогон, милитаризацијата и деокупацијата во центарот на меѓународната агенда

September 22, 2026
Сања Божиновска (фото: https://energy.gov.mk)

Броила, „Руднап“ и 13,2 милиони евра: Каде лежи зајакот во судирот Божиновска – СДСМ?

September 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 2 октомври

September 22, 2026

Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

September 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk