ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Директорот на БЈБ Сашо Тасевски на Европската Конвенција на шефови на полиции, во седиштето на ЕВРОПОЛ во Хаг

October 5, 2022 11:52
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, придружуван од делегација од Секторот за меѓународна полициска соработка и Одделот за ЕУ и меѓународна соработка реализираше работна посета во Хаг, Кралството Холандија, каде на 3 и 4 октомври присуствуваше на Европската Конвенција на шефови на полиции, во седиштето на ЕВРОПОЛ.

Како што соопшти МВР, на состаноците во рамки на Конвенцијата фокусот беше насочен на теми посветени на полициската соработка во Европа, во смисла на тоа како се развива криминалот и како заеднички да делуваат европските полиции во делот со негово справување.

 

На Конвенцијата на шефови на полиции се зборуваше за улогата на ЕВРОПОЛ како платформа за полициско работење, како и новите технологии и иновации со кои се зајакнува борбата против компјутерскиот криминал, а се нагласи и потребата за соработка со царинските служби за успешно справување со криминалитетот, се наведува во соопштението од МВР.

Во рамки на Конвенцијата беа остварени и неколку билатерални средби помеѓу директорот на Бирото за јавна безбедност Тасевски и дел од присутните директори меѓу кои и  со директорката на швајцарската полиција, Николета Дела Вале, на кои се зборуваше за зајакнување на веќе постоечката одлична соработка, во рамки на борбата против организираниот криминал и борбата против тероризмот.

Тасевски оствари работна средба и со  вршителот на должноста директор на полиција на Република Косово, Феми Хоти, на која се зборуваше за меѓусебната билатерална и оперативна соработка.

На маргините од Конвенцијата  беше реализирана средба и со Гален Нејс, вршителот на должност  на службата за дипломатски односи и безбедност на Стејт Департментот на САД, при што на средбата се разговараше за одличната соработка на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија со САД, како и на теми поврзани со заедничката борба против транснационалниот криминал, трговијата со дрога, криумчарењето со луѓе и теми од заеднички интерес за двете страни.

Во оваа прилика Нејс изрази благодарност од страна на американските претставници за успешната соработка со припадниците на Одделот за обезбедување при МВР задолжени за обезбедување на Амбасадата на САД во Скопје, се наведува во соопштението.

Во чест на делегациите се одржа и гала вечер, на која како домаќини беа Кетрин де Бол, извршен Директор на ЕВРОПОЛ и Мартин Вондрашек, Директор на полицијата на Чешка Република.

 

Next Post

Тренчевска: Граѓаните да бидат спокојни пари ќе има и за исплата на пензии и за плати

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk