Скандалозно. Она што можеше да се прочита по весниците и порталите кои пишуваа на тема „Јавна соба“ не било нешто што не можело да се очекува. Но веројатно е прилично доцна изреагирано за сите надлежни институции да се зафатат со работа околу решавање на проблемот, изјави во Утрински брифинг проф. Ана Фрицханд, психолог.
Не можеме да посочиме еден најодговорен. Ако тргниме така сигурно ќе згрешиме затоашто јасно ни е на ситеа тоа е консензуален став и на многу експертидека станува збор за многу длабок и системски проблем. Ако посочиме дека е само во семејството ќе ги исклучиме другите битни елементи. Ако посочиме дека е во образованието исто така.
Што правиме со поединецот или со групата, врсниците, медиумите. Јас секогаш апелирам на системски приод. Не е толку важно да се посочи еден виновник, туку да се посочат сите релевантни аспекти, што секој може да направи во своите ингеренции, рече Фрицханд.