Членството во НАТО е огромно достигнување и не е само столче на масата, туку еднаков глас во донесувањето одлуки, рече амбасадорката на САД во земјава, Кејт Мари Брнс, во интервју за Сител ТВ.
Брнс рече дека најавите за ревизија на преспанскиот договор предизвикуваат загриженост. Таа додаде и дека не треба да се загрозува трансформацијата која се случува.
„Да не се загрозат достигнувањата со гледање наназад… Се надеваме на позитивен сигнал од ЕУ во следните недели и месеци“, рече амбасадорката.
Амбасадорката апелира до партиите да ги надминат разликите за новиот закон за ЈО и да го усвојат по можност пред распуштање на Собранието.





