Напорите на Владата ги прави за ублажување на последиците од енергетската криза и важноста од нови инвестиции за земјава, беа меѓу темите на средбата на премиерот Димитар Ковачевски со потпретседателот и премиер на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мухамед бин Рашид Ал Мактум.
Како што соопшти владината Прес-служба, по средбите со раководствата на инвестициските фондови во рамки на посета на ОАЕ, премиерот Ковачевски во разговорот со Ал Мактум, кој воедно е и министер за одбрана, искажа благодарност за приемот и за добрите односи меѓу двете земји со потенцијал за уште поголема соработка во иднина.
![]()
На средбата стана збор за напорите кои ги прави Владата за ублажување на последиците од енергетската криза, за важноста од нови инвестиции за нашата земја во услови на економско-енергетска криза, како и за важноста од поддршката од Фондовите за развојни проекти што ќе значат стимул за домашната економија.
– Беше констатирано дека ОАЕ гледаат потенцијал за инвестиции во нашата земја и тоа во обновливи извори на енергија, агробизнис со фокус на производство на храна, туризам и инфраструктура, се додава во соопштението.
Како што посочуваат од владината Прес-служба, оваа средба значи потврда за продлабочување на натамошната соработка и продолжување на разговорите со инвестициските Фондови на Абу Даби за реализација на развојни инвестициски проекти.







