ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

МОН: Педагошката служба досега одобри 73 учебници за средно стручно образование

October 20, 2022 19:46
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за образование и наука (МОН) соопшти дека Педагошката служба досега одобри 73 учебници за средно стручно четиригодишно образование, за општо-образовни предмети и за Математичко-информатичката гимназија.

Од Министерството посочуваат дека обезбедувањето квалитетни учебници е дел од темелната реформа на националниот образовен систем, унапредувањето на наставните содржини и модернизација на наставата.

Како што потенцираат во соопштение, материјалите од кои учениците учат се директно поврзани со наставните програми, постигнувањето на планираните резултати од учењето и стекнувањето на потребни компетенции.

На конкурсот објавен за учебници за прва година по 72 предмети, доставени се ракописи за учебници за 33 предмети а по повикот формирани се авторски тимови за 32 предмети. За седум предмети авторите не покажале интерес. Педагошката служба досега донела одлука за одобрување учебници за 39 предмети, велат од МОН.

Оттаму додаваат дека кај учебниците за втора година, од побараните ракописи за 207 предмети, за 50 предмети немало интерес кај авторите. За втора година средно стручно четиригодишно образование и општо образовни предмети, досега се одобрени 27 учебници.

За трета година, по објавениот конкурс за учебници за 366 предмети, како што се наведува во соопштението, доставени се ракописи за 134 предмети, а по повикот формирани се авторски тимови за 51 предмет. За 181 предмет авторите не покажале интерес за изготвување учебник. Педагошката служба досега одобри седум учебници.

Од МОН додаваат дека по конкурсот за издавање учебници за четврта година, објавен за 319 предмети, доставени се 100 ракописи, за 219 предмети немало доставено ракописи, по што е објавен повик за авторски тимови. Формирани се 50 авторски тима.

Министерството за образование и наука ги охрабрува авторите да учествуваат на конкурсите за изготвување учебници. Вложувањето во знаењето на младите денес ја креира иднината на државата, се наведува во соопштенито на МОН.

Next Post

Хакери се закануваат дека ќе објават здравствени податоци на познати Австралијци

Најново

Жерновски: Лажните патриоти во Владата на Мицкоски се веќе во ЕУ, затоа што имаат бугарски пасоши

April 25, 2026
Фото илустрација: СКРМ

СКРМ повикува на протест на 28 април: „Кога гасите уметници – го гасите светлото“

April 25, 2026

Вештачката интелигенција – помеѓу надежта и стравот, а иднината е неизбежна

April 25, 2026

Николоски: Заради блокадата на малкумина прилепски буџувани, државата губи до стотина милиони евра

April 25, 2026

Филипче: Никола Груевски избега ама јас ви кажувам дека овие сега нема да избегаат

April 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk