ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Отфрлена кривична пријава за злоупотреби со продажба на државно земјиште во Центар

Врз основа на сите прибавени докази и утврдени факти и околности, надлежниот јавен обвинител оценил дека во дејствијата на пријавените не се содржани битните елементи на пријавеното кривично дело, ниту пак на друго кривично дело за кое гонењето се презема по службена должност.

January 31, 2020 11:30
in ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение за отфрлање на кривичната пријава поднесена против пет лица за кривично дело – злоупотреба на службената положба и овластување во врска со постапка за отуѓување на градежно земјиште во Општина Центар.

Имено, до Основното јавно обвинителство Скопје, од страна на двајца подносители – физички лица најпрвин била поднесена кривична пријава против четири лица – поранешен министер за транспорт и врски, поранешен градоначалник, вработен во Министерството за транспорт и врски и државен правобранител. Подоцна било поднесено и проширување на пријавата против уште едно лице – поранешен министер за транспорт и врски. Наведените кривични пријави се однесуваа на евентуални неправилности во поглед на неисполнување на договорните обврски од склучен договор меѓу Министерството за транспорт и врски како отуѓувач на градежно земјиште во државна сопственост со фирмата Никофон ДООЕЛ по пат на електронско јавно наддавање.

Проучувајќи ги наводите во пријавата кои се однесуваа на повеќе околности за кои требало да се изврши проверка, надлежниот јавен обвинител презел голем број дејствија со цел утврдување на битни факти и околности за пријавениот настан, особено затоа што кривичната пријава беше поднесена без да биде приложен ниту еден доказ како поткрепа на наводите.

Во таа насока биле испитани претставници на Општина Центар, претставник на Министерството за транспорт и врски, претставник на Државното правобранителство, претставник на банката од која бил земен кредит со залог на земјиштето, нотарот пред кој бил солемнизиран договорот, како и управителот на правното лице – купувач на земјишната парцела. Сите испитани лица биле задолжени да достават соодветна документација за поткрепа на изнесеното пред јавниот обвинител со цел да се утврди хронологијата и да се проучи постапувањето на пријавените во настанот.

Во текот на постапката, од Општина Центар биле доставени и нови поднесоци и обраќања до Јавното обвинителство во кои е наведено дека по преземањето на надлежноста за управување со градежното земјиште на подрачјето на општината биле констатирани повеќе нелогичности и било утврдено дека почетната цена за јавното наддавање била неправилно формирана, како и дека не бил земен предвид приговорот на вториот наддавач кој се жалел на дефект на интернет конекцијата за време на електронската аукција. Со оглед на тоа што поднесоците даваа дополнителни наводи и други околности во предметот, јавниот обвинител презел и дополнителни истражни дејствија за утврдување на фактите, па испита и двајца претставници од Комисијата која го спровела елекронското јавно наддавање во врска со формирањето на почетната цена и со приговорите на останатите учесници.

Во исто време, јавниот обвинител се обратил и до Министерството за транспорт и врски и побарал разјаснување на начинот на кој била формирана почетната цена на земјиштето, а во два наврати бил испитан и актуелниот градоначалник на Општина Центар.

Врз основа на сите прибавени докази и утврдени факти и околности, надлежниот јавен обвинител оценил дека во дејствијата на пријавените не се содржани битните елементи на пријавеното кривично дело, ниту пак на друго кривично дело за кое гонењето се презема по службена должност.

=Во поглед на неисполнување на договорниот рок од страна на купувачот – фирмата Никофон ДООЕЛ да прибави одобрение за градба на предметниот објект во рок од 9 месеци од извршената солемнизација, јавниот обвинител оцени дека станува збор за настанат спор во врска со неисполнети договорни обврски за кои единствено во граѓанска постапка може да се утврдува дали рокот не бил испочитуван по вина на купувачот. Јавниот обвинител не може да супституира договорна страна и да даде оценка во врска со овој факт, бидејќи не се работи за императивна законска норма која е прекршена, а особено затоа што во самиот договор постојат и други одредби со кои се предвидува можност за пролонгирање на роковите, стои во соопштението.

Доколку купувачот не извршил солемнизација на Договорот во рок од 30 дена по неговото склучување, договорот предвидува заштита на отуѓувачот на земјиштето преку еднострано раскинување, при што 20 отсто од вкупно постигнатата цена на земјиштето на електронското наддавање не му се враќаат на купувачот. Од прибавените докази во предметот недвосмислено се утврдило дека ниту Министерството за транспорт и врски ниту Општина Центар, која ја презела надлежноста за градежното земјиште, не презеле дејствија за еднострано раскинување на договорот.

-Исто така, неспорно се утврди дека почетната цена на јавното наддавање била заснована врз тогаш важечките прописи, односно врз важечката Уредба за висината на цената на градежното земјиште во сопственот на РМ и висината на посебните трошоци за спроведување на постапката. Предмет на оценка беше и околноста како е спроведена постапката на јавното наддавање, при што се утврди дека сите законски и подзаконски предуслови за електронското јавно наддавање биле исполнети. Неизбраниот понудувач не презел никакви дејствија за поништување на јавното наддавање доколку сметал дека постоеле причини за тоа, ниту побарал управна заштита или инспекциска проверка на спроведената постапка, се додава во соопштението.

Исто така, јавниот обвинител, како што се наведува во соопштението, во предвид го имал и фактот дека од склучувањето на договорот до денес на раководната позиција во Министерството за транспорт и врски се смениле повеќе министри, а во непреземањето на дејствија за едностран раскин на договорот не може да се извлече заклучок дека постојат елементи на кривично дело кај кое било од лицата кои ја извршувале таа функција. Имено, дали се настапени условите за еднострано раскинување на договорот зависи од договорната волја на отуѓувачот на земјиштето, како и од основаноста и правниот интерес за преземање на такви дејствија во случај на спор околу неисполнетост на договорните обврски по вина на купувачот.

Решението за отфрлање на кривичната пријава е доставено до Општина Центар, а оштетениот има право на жалба пред Вишото јавно обвинителство Скопје во рок од осум дена по приемот.

Next Post

„30 прашања со“ Дамјан Манчевски во 6 часот наутро

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Дилемата на ЕУ: Комисијата нуди „морков“, членките бараат „навистина подготвени“ кандидати

November 4, 2025
Фото: Скриншот

Премиерот Мицкоски на Самит за проширувањето на ЕУ во Брисел

November 4, 2025

ЕК ќе ги презентира извештаите за напредокот на кандидатите за членство во ЕУ   

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk