ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Фатмир Битиќи: Ги зголемивме платите во сите сектори, продолжуваме да инвестираме во човечкиот капитал

Уште на самиот старт на мандатот ја покачивме минималната плата на 12.500 денари и таа постојано расте. Со последното зголемување во декември таа денес изнесува 14.500 денари, што е за 60 отсто повеќе во однос на 2017 година кога таа изнесуваше само 9.000 денари

February 1, 2020 13:07
in ПОЛИТИКА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Како одговорна партија во изминатите две и пол години покажавме силна посветеност во инвестирањето во човечкиот капитал. Нашата определба за реален одржлив раст на платите, дава видливи резултати.

Во изминатите две и пол години платите растеа во сите сектори, истакна на прес-конференција, Фатмир Битиќи, претседател на Комисијата за финансии на СДСМ.

Уште на самиот старт на мандатот ја покачивме минималната плата на 12.500 денари и таа постојано расте. Со последното зголемување во декември таа денес изнесува 14.500 денари, што е за 60 отсто повеќе во однос на 2017 година кога таа изнесуваше само 9.000 денари.

Со тоа се отвори спиралата на раст на платите што најдобро се гледа во примерот со просечната плата. Просечната плата во ноември изнесува 25.787 денари, што е за 1.239 денари повеќе отколку во ноември 2018 година и е речиси за 2.600 денари повисока отколку во ноември 2017 година.

Од јануари оваа година за 10 отсто ги зголемивме платите во образованието. Над 32.000 граѓани вработени во основното, средното и високото образование добиваат значително повисоки плати. Со ова последно покачување, вкупното зголемување на платите во основното, средното, високото образование и во науката, изнесува кумулативно скоро 21% имајќи ги предвид претходните две покачувања за само една година.

Значително пораснаа и платите во социјалната и детската заштита.

Го враивме достоинството на воспитувачите и на социјалните работници. 1.170 вработени во Центрите за социјални работи добија историско зголемување на платите во просек за 4.363 денари по вработен.

Историски највисоко покачување добиваат 3.138 негователи и воспитувачи во градинките кои сега земаат плата во просек за 3.000 денари повиока од претходно.

„Растот на платите продолжува. Веќе од февруари значително се зголемуваат платите во здравството. Лекарите специјалисти, медицинските сестри и техничкиот персонал добиваат ново зголемување на платите. Со мерките што ги спроведуваме обезбедуваме раст на платите во приватниот сектор. Меѓу таквите мерки е и субвенционирањето на придонесите од задолжителното осигурување за компаниите кои ќе ги покачат платите до 6.000 денари. Оваа мерка досега ја искористија над 20.000 компании или вкупно 106.000 вработени во приватниот сектор.

Воведовме и младински додаток на плата од 3.000 денари за млади до 23 години вработени во производство.

Сите овие мерки значат повисоки плати и повисок животен стандард. Ова не се само обични бројки, ова е реално подобрување на семејните буџети.

Продолжуваме и понатаму да инвестираме во човечкиот капитал.“

Next Post

Некои пратенички групи доставиле амандмани за законот за ЈО, дел бараат дополнително време

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk