ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Јануарските пензии зголемени за 722 денари

За 324 000 корисници на пензија во земјава јануарските пензии, кои ќе ги добијат овој месец, се зголемени за 722 денари. Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска на прес-конференција рече дека покачувањето се должи на стабилизација на пензискиот систем во изминатите две години, реформа со која, како што рече, се заштедени повеќе од 3,7 милијарди денари.

February 1, 2020 14:19
in ЕКОНОМИЈА, ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

За 324 000 корисници на пензија во земјава јануарските пензии, кои ќе ги добијат овој месец, се зголемени за 722 денари. Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска на прес-конференција рече дека покачувањето се должи на стабилизација на пензискиот систем во изминатите две години, реформа со која, како што рече, се заштедени повеќе од 3,7 милијарди денари.

-Но, секако, покачувањето се базира и на приходите кои се зголемија кај работоспособното население и минималната плата која само во минатата година се зголеми за 15 отсто, а просечната плата за 5 проценти. Законски се утврди трето дополнително усогласување на пензиите во нашата држава за сите пензионери со зголемувања од пет проценти вкупно. Со ова добиваме просечната пензија оваа година да изнесува 15.500, а за две и пол години таа пораснала за 1.746 денари, рече Царовска.

Додаде дека за мерката за субвенционирање на придонесите за раст на платите Владата издвоила 2,4 милијарди денари во буџетот на МТСП наменети за пензискиот и за здравствениот фонд.

Царовска одговори дека покачувањето не е популизам пред избори туку се должи на позитивните показатели од реформата за стабилизирање на пензискиот систем. Резултатите биле видливи во јуни и тогаш, како што нагласи „далеку од изборите“, утврдиле дека по сите параметри пензионерите со новиот буџет може да добијат покачување до нивото на раст на просечната плата.

 

Директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување Шаип Зенељи соопшти дека во земјава има околу 580 илјади осигуреници, а соодносот е 1,8 вработени на еден пензионер. Царовска додаде дека Фонд може да достигне нула дефицит односно да биде целосно самоодржлив само кога соодносот би бил еден пензионер на тројца вработени.Смета дека сегашниот дефицит може да се преполови и да се постигне постабилна состојба од сегашната ако понатаму се работи на придонесите и на бројот на вработени во реалниот сектор.

Претседателката на Сојузот на здруженијата на пензионерите Станка Трајкова ја поздрави одлуката и рече дека со зголемувањето се подига вредноста на просечната пензија во државата.

-Зголемувањето им оди во прилог најмногу на корисници што примаат до просечниот износ на пензија, а тоа се околу половина од вкупниот број на пензионери, рече Трајкова. Во оваа пригода таа побара и проширување на позитивната листа на лекови зашто плаќањето лекови што не се на листата негативно се одразува на пензионерскиот буџет.

Next Post

360 Степени: Наќе Чулев сака да го има Синиша Алексовски во својот кабинет во МВР

Shortcut

Најново

Амб. на Украина, Лариса Дир

Лариса Дир: Кремљ ги претвора студот и темнината во оружје против Украинците

October 30, 2026

Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

October 30, 2026
Фотографија: Unsplash

Украдени милијарди од Binance: Замрзнати 2,7 милијарди долари, напаѓачот задржал уште 2,4 милијарди

October 30, 2026

Израел: Преброени над 95% од гласовите, Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk