ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Ковачевски – Бун: Франција е со Северна Македонија и во следните етапи за остварување на европската цел

November 16, 2022 13:50
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, придружуван од вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, се сретна со државна секретарка за Европа на Француската Република, Лоранс Бун, по што е одржана и заедничка прес-конференција.

На прес-конференцијата, како и на средбата е испратена пораката дека денешната посета на државната секретарка за Европа Лоранс Бун, е за да се покаже доследност во пријателството помеѓу Француската Република и Северна Македонија, по европскиот договор, со што се отворени европските перспективи за нашата држава и да се манифестира јасна поддршка за европските перспективи на нашата држава.

Премиерот Ковачевски се заблагодари за големото и искрено пријателство помеѓу Северна Македонија и Француската Република, значајно за демократскиот и европскиот развој на нашата држава.

Премиерот Ковачевски на прес-конференцијата оцени дека „Француското претседателство во ЕУ беше клучно на нашиот европски пат“ и дека Република Северна Македонија продолжува да работи на остварувањето на оваа државна стратешка цел.

„Успеавме да се избориме за заштита на македонскиот јазик, на македонскиот идентитет, се изборивме за историските прашања да разговараат експерти, а не политичари и успеавме да ги одблокираме сите процеси кои нѐ кочеа толку долго време. Успеавме конечно да започнеме со реалната трансформација на општеството преку скрининг процесот, на кој сме навистина посветени да го завршиме во рокот кој го зададовме на почетокот. Македонскиот тим е подготвен, има експертиза, знаење, и ќе го заврши скринингот во планираниот период од 14 месеци. И ние и ЕУ ги исполнуваме нашите ветувања.“ кажа Ковачевски на денешната прес конференција

Државната секретарка за Европа на Француската Република, Бун, на прес-конференцијата, како и на билатералната средба, порача дека Република Северна Македонија заслужува да биде дел од Европската Унија.

„Работевме заедно за европските перспективи затоа што тоа го заслужувате. Сакаме да останеме со вас и во следните етапи, за постигнување на оваа цел“, рече државната секретарка за Европа, Бун, на прес-конференцијата.

Таа оцени дека Република Северна Македонија е столб на стабилноста во регионот. Исто така го нагласи значењето на договорот со ФРОНКЕТС, потпишан и на македонски јазик, за што на средбата е констатирано дека е силно признание од страна на ЕУ.

На средбата е исто така констатирано дека Франција секогаш била присутна во клучните историски моменти во нашата држава, дека е воспоставена соработка во рамки на одбраната со којшто ќе се зголемат капацитетите на одбраната на нашата држава, дека односите меѓу двете држави се продлабочени на историско ниво и со лично заложување на претседателот Макрон и дека Француската Република е определена за продлабочување на односите со Република Северна Македонија и на политички и на економски план.

Next Post
Емилија Целакоска

Нултата компонента за заробување држава

Најново

Анаис. Мотив, Битола, чаршија

Дневен хороскоп со Анаис (27 април): Активирање на продуктивноста и аналитичкиот ум

April 26, 2026

Од печат излезе „Амбиент“ – книга осма на Зоран Иванов

April 26, 2026

(ВИДЕО) Историја во Лондон: Саве ја проби границата „под два часа“ и постави нов маратонски стандард

April 26, 2026

Николоски: ЕУ ни помагаат за изградба на коридорите 8 и 10

April 26, 2026

Ристески: Општина Аеродром троши 138 милиони денари за „сокачиња“, тендерот повторно кај омилената фирма на ВМРО-ДПМНЕ

April 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk