Под покровителство на Владата на Република Северна Македонија и со поддршка на Стопанската Комора, Делегацијата на германското стопанство, Сојузот на стопански комори, Western Balkan 6 и Австриската амбасада во земјава, денеска во Скопје се одржува Балкан Економик Форум.
Учесниците ќе дебатираат за „Регионална економска соработка – мит или реалност?“, „Балкански енергетски изгледи за побрза енергетска транзиција“, „Финансирање развој и регионална соработка“, „Обновување и усовршување на балканската работна сила“…
Според најавата од организаторот, на форумот ќе се обратат премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, евроамбасадорот Дејвид Гир, австрискиот амбасадор во државава Георг Вуцас, а со видео обраќања еврокомесарот задолжен за проширување Оливер Вархеи и Дубравка Шуица, потпретседателка на Европската Комисија.