ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Во тек истрагата за случувањата на петочната седница на собраниската Комисија за надзор над АНБ

November 21, 2022 12:51
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Се уште нема одговор што се случи, зошто и кој е виновен за тоа што се слушало она што се зборува на седницата во петокот на собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање, на којашто реферираше директорот на АНБ, Виктор Димовски.

Од Министерството за внатрешни работи за МИА велат дека случајот е пријавен во Секторот за компјутерски криминал и оти веќе се постапува по него, но засега не се соопштуваат други информации.

Од Кабинетот на претседателот на Собранието, Талат Џафери посочуваат дека истрагата е во тек и дека штом Собранието добие официјални информации од Министерството за внатрешни работи, јавноста ќе биде информирана.

На прашањето дали веќе има суспензии на вработени по овој настан, од Кабинетот велат дека нема ништо од тоа, бидејќи, според нив, се уште не се знаат причините за тоа што се случи на Комисијата.

Во петокот директорот на АНБ, Димовски на затворена седница на Комисијата за надзор на работата на АНБ и АР, реферираше за случајот со давање македонско државјанство на украинскиот државјанин Олександар Онишченко. Она што се зборуваше на затворената седница на Комисијата одело тонски во живо на Јутјуб.

Претседателот на Комисијата, Љупчо Пренџов за МИА изјави дека се уште чека да биде известен од Џафери за исходот од истрагата за потоа да закаже продолжение на седницата. Информации за истрагата од Џафери чека и опозицијата.

Украинскиот државјанин Онишченко, кој се наоѓа на „црната листа“ на САД поради неговите врски со руските власти, добил македонско државјанство како спортист во еквестријан на предлог на Коњичката федерација. Одлука за доделување македонско државјанство за него донела Владата, по добиено позитивно мислење од сите надлежни институции.

Димовски во петокот по седницата изјави дека при интерната постапка во АНБ за евентуален пропуст за случајот „Онишенко“ е констатирано дека не е испочитувано последното ниво од безбедносната проверка и не била направена консултација со партнерите од НАТО пред да се даде позитивно мислење. Според него, „лоциран е прстенот и поединецот“ што го ставил потписот и ќе се преземе одговорност. Димовски додаде дека чекањето за реферирање за случајот, било поради тоа што требало да се почитуваат и следат институционалните норми и да се истражи ако затаил, каде и зошто затаил системот за национална безбедност.

Next Post

Ковачевски: Со новите градинки на децата им обезбедуваме среќно детство, заложба ни е да им обезбедиме европска иднина

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk