ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Тренчевска: Соработката со УНФПА во подготовката на новата стратегија за демографски политики е од големо значење, креираме политики на национално ниво

November 25, 2022 11:41
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со регионалниот советник за економија и демографија од УНФПА од канцеларија во Истанбул и тимот за население и развој од Њујорк, Мајкл Херман, шефицата на канцеларијата во Скопје, Афродита Шаља и дел од тимот на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) во земјава.

На средбата се разговараше за подготовката на новата Стратегија за демографски политики на Северна Македонија, која има огромно значење како документ со кој се идентификуваат приоритетните области и насоки за подобрување на постојните демографски трендови преку спроведување на долгорочни политики и подрачја на делување кои директно и индиректно влијаат на демографскиот развој во Република Северна Македонија.

„Во подготовката на стратегијата од големо значење ќе бидат информациите од страна на сите министерства. Затоа што се работи за национална стратегија и сите области се важни. Анализата од пописот на населението и Анализата на кои работи консултант ангажиран од Канцеларијата на УНФПА за да спроведе ревизија на имплементацијата на националната Стратегија за демографски политики 2015-2024 година., во која е вклучено и Одделението за анализа, планирање и развој на демографски политики на министерството, ќе бидат значаен инпут за подготовка на стратегијата. Таа треба да биде усогласена со Националната развојна стратегија и Стратегијата за развој на човечкиот капитал ,“ истакна министерката Тренчевска.

Министерката посочи дека крајниот резултат е подготовка на стратегија изградена на реални демографски податоци, како податоци за миграцијата, стареење на населението, наталитетот и која ќе даде висински насоки во градењето на политиките кои се однесуваат на целото население во државата. Политики кои се однесуваат на здравството, образованието, социјалната и детската заштита, социјалните сервиси, вработувањето, родовата еднаквост во сите сфери на општеството.

Финалната верзија на Стратегијата за демографија треба да го помине процесот на усвојување од Владата на Република Северна Македонија со заклучоци и задолженија за сите институции.

Tags: МТСПТренчевскаУНФПА
Next Post

Над 600 посетители на еднодневниот Саем на креативни индустрии во Битола

НАЈНОВО

ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

August 17, 2025

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

August 17, 2025

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk