ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Петровска: Дијалогот кој го промовира Северна Македонија дава надеж за целиот регион

December 2, 2022 13:44
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска денеска во Кремс учествуваше на министерскиот состанок на Централноевропската одбранбена соработка и земјите од Западниот Балкан, на кој стана збор за европската перспектива на земјите од регионот, процес кој е исклучително важен особено во денешната безбедносна реалност на европскиот континент.

„Овие времиња на предизвици претставуваат и една уникатна можност за сите нас да ја засилиме безбедносната соработка и да го интензивираме меѓусебниот дијалог. Ова се времиња во кои мораме да бидеме посветени на брза и ефикасна евроинтеграција на целиот Западен Балкан“, рече министерката.

Регионот припаѓа на Европа и на Европската Унија, а нашите земји, особено Северна Македонија, покажаа дека се посветени на европските принципи и вредности. Пристапниот процес мора да биде кредибилен, зашто европската интеграција е најсилната мотивација за развој и е најдобрата идеја го поврзува регионот, порача македонската министерка за одбрана.

„Северна Македонија докажа дека активно придонесува кон развојот на стабилноста, добрососедските односи и регионалната соработка во Југоисточна Европа, особено имајќи ја предвид нашата култура на дијалог и нашата способност за изнаоѓање решенија и за тешки билатерални прашања. Одлуките што ги донесовме беа тешки, но тие дадоа надеж за целиот регион и поставија пример за тоа како можат да се најдат решенија и за најсензитивните прашања на Балканот“, рече Петровска.

Во контекст на Централноевропската одбранбена соработка, министерката Петровска порача дека земјите – членки се исклучително значајни во поддршката во пристапниот процес, особено во градењето на капацитети за борба против корупцијата и организираниот криминал, работењето согласно принципите за добро владеење и функционирањето на правната држава.

„Западниот Балкан нема време за уште еден изгубен моментум во процесот на евроинтеграција. Унијата мора да биде прагматична, да овозможи полесен пристап до инвестиционите проекти, а особено во градењето на демократски институции и општества. Северна Македонија е цврсто посветена на веќе започнатиот скрининг-процес зашто за нас интеграцијата во Унијата е најсилниот импулс за демократија, просперитет и безбедност за сите наши граѓани“, заклучи министерката.

Централноевропската одбранбена соработка е формирана во 2010 година, а нејзини членки се седум држави: Австрија, Чешка, Словачка, Словенија, Унгарија, Хрватска и Полска како земја – набљудувач. Северна Македонија активно соработува со оваа иницијатива од 2016 година, а главната цел е зајакнување на регионалната безбедност и споделување на одбранбените способности.

Извор: МЕТА

Tags: КремсМинистерка за одбранаСеверна Македонија
Next Post

Разрешена е директорката на училиштето во Градско каде ученик беше жртва на булинг

НАЈНОВО

ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

August 17, 2025

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

August 17, 2025

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk