ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев: Барам чист мандат за да ги уверам граѓаните каков економист знам да бидам

На 12-ти април излегуваме со очекувањето дека напредокот на државата ќе продолжи и дека никогаш повеќе нема да се врати режимското владеење на ВМРО ДПМНЕ. Нам не ни треба нови кавги со Албанците дома и со соседните држави. НАТО и ЕУ се затворени прашања, односите дома меѓу заедниците исто така, затоа барам мандат за да видат граѓаните каков економист можам да бидам. Сакам судството да го изнесам на прав колосек и затоа ќе го прочистиме, образованието да го направиме конкурентно со профилирани кадри, здравството да има мотивирани лекари, да создаваме современа култура, а не античка, како и да ги зголемиме социјалните трансфери, платите и пензиите

February 4, 2020 08:26
in ИЗБОРИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Зоран Заев / фото: Биљана Јордановска

Зоран Заев / фото: Биљана Јордановска

Share on FacebookShare on Twitter
„Барам чист мандат на следните избори и повикувам за СДСМ да гласаат и граѓаните од другите етнички заедници. На 12-ти април излегуваме со очекувањето дека напредокот на државата ќе продолжи и дека никогаш повеќе нема да се врати режимското владеење на ВМРО ДПМНЕ. Нам не ни треба нови кавги со Албанците дома и со соседните држави. НАТО и ЕУ се затворени прашања, односите дома меѓу заедниците исто така, затоа барам мандат за да видат граѓаните каков економист можам да бидам. Сакам судството да го изнесам на прав колосек и затоа ќе го прочистиме, образованието да го направиме конкурентно со профилирани кадри, здравството да има мотивирани лекари, да создаваме современа култура, а не античка, како и да ги зголемиме социјалните трансфери, платите и пензиите“- изјави претседателот на СДСМ во интервјуто за ТВ Клан.

Тој изрази увереност дека е сигурен победник на изборите затоа што граѓаните знаат дека државата оди на правиот пат и дека секоја друга алтернатива ќе значи враќање на државата 25 години назад, а со тоа актуелизирање и на старите проблеми.
„Имавме БДП со минус 1.8 проценти, а сега имаме 3.6 во позитива, или тоа значи дека БДП пораснал за 5.4 отсто. Не водат како држава со најголеми странски инвестиции во југоисточна Европа. Да не заборавиме дека минимланата плата ја зголемивме за 60 отсто и сега е 14.500 денари. Просечната плата е речиси 27.000 и атакуваме кон целта да стигнеме до 30.000 денари. Пензиите ги зголемуваме во континуитет и таквиот тренд ќе продолжи. И сето ова го направивме во преполовен мандат, на почетокот заради формирање на Влада, а сега заради предвремени избори, но сето тоа ни дава храброст и мотив да продолжиме од каде што сме“, зборуваше Заев.
Двете стратешки цели се исполнети на меѓународен план и веднаш се забалежителни резултати во економијата.
„ВМРО ДПМНЕ 11 години владееше и не направи ниту еден чекор да и помогне на државата. Мицковски од што посакува да биде премиер, не излегува од својата перцепција на работите. За да имате аргументи мора да настапите со понуди, со програма, а тие само не оддалечуваа од НАТО и ЕУ. ВМРО ДПМНЕ измислуваше проекти, како Скопје 2014 и така направи приватниот сектор да зависи од државните пари. Ние отворивме 60.000 работни места и тоа претежно во приватниот сектор. Во администрацијата вработуваме профсионални кадри. Секој ден ми се јавуваат за нечие вработување, но јас сакам да има критеруми, рангирање на кандидатите за да има место за најдобрите“, изјави Заев.
Во врска со локаниот економски развој Заев потсети дека државата издвои 50 милиони евра за општините за да можат да ги надоместат долговите, а дека сега ќе се инвестираат 55 милиони евра за развој на водоводните мрежи, канализацијата, но најави и реконструкција и изградба на локланите патишта. За две години СДСМ има изградено патишта во должина од 750 километри.
„Ќе ве потсетам на една средба со еден жител на Арачиново кога зборувавме за отворената и мултиетничка програма на СДСМ, тој ми рече дека на Албанците не им треба кантонизација, туку канализација. И еве, проектот се спроведува. Ние сме тука за реалните проблеми на граѓаните и затоа очекувам поддршка од сите“, заврши Заев.
Next Post

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Прилеп ќе добие нов лик - започна реконструкцијата на булеварот „Гоце Делчев“

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk