ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

(ИЗБОР) Албански медиуми: Кој ќе ги отстрани барикадите, косовскиот Уставен суд за одлуката за Заедницата, Академијата на науки на Косово вели дека Албанците христијани биле насилно преобратени во муслимани

December 23, 2022 13:20
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

РТК: Косовската полиција има капацитет да ги отстрани барикадите

„Безбедносните експерти во Косово оценуваат дека косовската полиција има капацитет да ги отстрани барикадите, но сметаат дека со оглед на чувствителноста и опасноста, не треба да дејствува без целосна координација со КФОР.

Поранешниот командант на косовските безбедносни сили и експерт за безбедносни прашања, Кадри Кастрати, за Радио Косово изјави дека иако косовската полиција има капацитет да ги отстрани барикадите, тој сепак вели дека ова не е едноставна операција, па препорачал институциите постапуваат внимателно.“, пренесе косовскиот медиум РТК.

БОТА СОТ: Уставниот суд на Косово пред 7 години ги објави прекршувањата за Заедниците

На 23 декември 2015 година, Уставниот суд  на Република Косово донесе одлука во врска со Заедницата на општини со српско мнозинство. Барањето беше за компатибилност на принципите на овој договор, што до Уставниот суд го испрати тогашната  претседателка на државата Атифете Јахјага.

Во одлуката на Уставот беше наведено дека општите принципи не се целосно компатибилни со духот на Уставот, засновајќи се на неговиот член 3 и правата на заедниците во Уставот на Косово.

(Уставниот суд) смета дека правниот акт на Владата на Република Косово и Статутот со кој се имплементираат начелата, да бидат во согласност со духот на Уставот, со член 3 [став 1, со глава II и III, мора ги исполнува уставните стандарди и мора да биде во согласност особено со членовите 3, 7, 12, со Поглавје II [Основни права и слободи], со членовите 21 и 44, со Поглавје III [Правата на заедниците и нивните членови“, се вели во одлуката на Уставниот суд на Република Косово, се наведува во објавата на косовскиот медиум Бота Сот.

КОХА: Од Косовската академија на науките велат дека Албанците христијани биле насилно преобратени во муслимани

Според Академијата на науки на Косово, Србија се обидела да се претстави како „неопходен бранител“ на христијанска Европа од исламскиот фундаментализам на Косово, Босна и Санџак.

„Но, за волја на вистината, Србија никогаш не служеше како „одбранбен ѕид“ на Европа против исламскиот фундаментализам, туку ја злоупотреби оваа параноја на христијанска Европа, ставајќи ги во акција своите тајни служби, за да ги поттикне радикалните исламски струи во Босна и во Косово, со цел да потоа ја користат нивната активност за да привлечат поддршка од САД и ЕУ. Дејтонскиот договор за Босна и „Пакетот Ахтисари“ за Косово се изготвени на тој начин што не дозволуваат нормално функционирање на овие две држави, а во позадина на Србија и даваат улога на чувар и надзорник, да го надгледува радикалниот ислам , во време кога самата Србија ги злоупотребува овие прерогативи за да го опструира и дефункционализира нормалниот живот на земјите од регионот под какви било околности“. – пишува во анализата Академијата објавена на 23 ноември годинава.

Д. Тахири

Извор: ЦИВИЛ Медиа

Next Post

Важноста на меѓународните организации (НАТО и ЕУ) во време на глобална криза и закани

Shortcut

Најново

Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

October 10, 2026

Дали вештачката интелигенција има права? Шефот на Microsoft AI предупредува на опасноста од создавање машини што веруваат дека се свесни

October 10, 2026
Краматорск, 8 октомври 2026

Убиени во своите домови и во автобуси: Два дена руски терор во Украина, 52 загинати, меѓу нив пет деца

October 8, 2026
Мартин Тасевски

Пет празници ви се многу?

October 7, 2026

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk