ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Јолевски: Состојбата во основните обвинителства е загрижувачка, недостигаат 82 обвинители

December 23, 2022 13:30
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Состојбата во Основните обвинителства е загрижувачка бидејќи тие се тие, кои ги продуцираат оние заостаток на предмети. Тие работат, но работат колку можат со бројот на обвинители кои го имаат. Во овој момент имаме 162 обвинители, од потребни 244, што значи 82 помалку, изјави денеска претседателот на Советот на јавни обвинители Антонио Јолевски.

Сепак, нагласи Јолевски, тоа е голема бројка и нормално таа перцепција кај граѓаните ќе се јавува дека не се ажурни.

– Во обвинителствата и онака негде нема ниту еден, во некои еден, а во некои по двајца обвинители. Прашањето е колку тие може да стигнат да ги покријат судењата, пред се. Затоа и огласот за избори го одложивме за јануари, кога ќе имаме точна бројка од Академијата за судии и јавни обвинители, изјави Јолевски.

Основното јавно обвинителство Скопје, според Јолевски, во овој момент има најголем број на обвинители и проблемот е со сите останати обвинителства.

– Затоа тука беа и забелешките да се притисне врз скопското обвинителство од страна на Вишиот обвинител. Да се ажурираат тие предмети, бидејќи сметаме дека основното обвинителство го има тој проблем за решавањето на предметите, а нормално половина од предметите во државата се на територија на скопското, изјави Јолевски.

За реизборот на Мустафа Хајрулахи за шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје, Јолевски рече дека очекува во следните четири години трендот на подобрување, кој започна со зачестени контроли да продолжи, меѓутоа ќе треба многу труд и напор за средување на тие состојби.

– Ние ги констатираме сите негативности и слабости во извештаите и даваме одредени забелешки. Слушнавте денеска од колегите, дека тие забелешки се во целина на работата на Вишото јавно обвинителство Скопје, кое опфаќа речиси половина територија од државата, изјави Јолевски.

За тоа што се откажаа двајца од тројцата кандидати, Јолевски, вели дека навистина е жално да имаме само по еден кандидат, да не може да бираме од повеќе кандидати, меѓутоа не по наша вина.

– Тоа е по волја на пријавените кандидати. Колегата Штерјев го истакна тоа нешто. Меѓутоа, и оставањето на обвинителствата без шефови само ја одолговлекува постапката и правиме друг поголем проблем. Ниеден од тие што се в.д. поставени не презема порадикални чекори за решавање на проблемите бидјеќи е времено поставен, па сите избегнуваат да се зафатат со поголеми ангажмани затоа што не знае до кога ќе биде така. Затоа нас ни требаат тие трајни ршеенија, за да имаме можност, изјави Јолевски.

Next Post

Новогодишен концерт на „Танец“ и изложба на студентски архитектонски решенија за нов мултинаменски објект за ансамблот

Најново

Анаис. Мотив, Битола, чаршија

Дневен хороскоп со Анаис за 12 мај 2026: Експлозивен нов почеток и силна акција

May 11, 2026

Комисијата за култура на СДСМ: Изјавата на Љутков е празен маркетинг за прикривање на хаосот во културата и нападот врз Колективниот договор

May 11, 2026

Филипче: Пропагандата на ВМРО ја обвинува ЕУ за сопствениот дебакл со реформите

May 11, 2026

Дуа Липа ги тужи Самсунг за 15 милиони долари

May 11, 2026
Фото: МОБ

Македонската опера и балет ги отвори 54. Мајски оперски вечери

May 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk