ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Димитров: Усогласувањето на минималната плата нема да предизвика удар врз стопанаството

December 27, 2022 13:12
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Зголемувањето на минималната плата во првиот квартал на 2023 година, како што вчера најави премиерот Димитар Ковачевски нема да предизвика удар врз стопанството, смета Ангел Димитров од Организација на работодавачи.

Тој посочи дека во овој случај се работи за усогласување на висината на минималната плата согласно растот на трошоците за живот и согласно растот на просечната плата.

-Ова не е ништо ново, уште 2010 година, кога првпат во Македонија се донесе Закон за минимална плата беше предвидено такво услогласување секоја година, но тогаш се усогласуваше со една третина од растот на БДП, една третина од растот на трошоците за живот и една третина од растот на просечната плата, вели Димитров.

Појаснува дека лани кога се усвои Законот, номинално се зголеми и директно се покачи на 18.000 денари се изменила и методологијата.

-Сега ќе се усогласува секоја година половина од растот на трошоците за живот и половина од растот на просечната плата. Но, за разлика од порано сега има уште една заштита, а тоа е дека минималната плата не смее да биде помала од 57 проценти од просечната, рече Димитров.

Според него, ова е високо ниво, а како што  укажува, во ЕУ се усвоила и директива со која во земјите членки на ЕУ минималната плата треба да биде околу 50 проценти од просечната плата. Тоа значи дека нашата држава има повисок процент за минималната плата, во споредба со земјиште членки на ЕУ.

-Тоа и ни прави одредени проблеми, а тоа е најчесто урамниловката или збивање на се повеќе работници околу минималната плата и не можноста за покачување на повисоки плати, што се покажа и лани покрај штрајковите на вработените во јавниот сектор, вели Димитров.

Во првиот квратал на 2023 година ќе се усогласи минималната плата, а се очекува да биде околу 20.000 денари.

Next Post

Нуредини: Во „Југохром“ нема нелегални активности, се чисти дренажниот систем на пречистителната станица

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk