Државната изборна комисија го извести Министерството за правда дека четири изборни единици се надвор од законскиот лимит на бројот на гласачи.
Во дописот на ДИК се дадени точните бројки каде се гледа дека две едници имаат помалку од просечната дозволена бројка, а две единици имаат повеќе од 5%. Шестата изборна единица има најголем број регистрирани гласачи, или 8.60 % повеќе од просекот, а втората единица има +5.74%. Третата и четвртата изборна единица имаат помалку од дозволениот лимит, – 7.64 % и – 6.36 % под дозволеното. Копија од писмото ДИК испрати и до Собранието на Република Северна Македонија.
Во Избрниот законик во делот за Изборен модел, во член 4 став 7 се вели: Во изборните единици во Република Македонија бројот на избирачите може да отстапува најмногу од минус 5% до плус 5% во однос на просечниот број на избирачи во изборната единица.