ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Емотивна и интимна изложба на фотографии на Влатко Деков во НЛБ Галерија

Во неговиот кус опис за изложбата авторот ќе каже: „Постојат места каде времето е застанато, а со него и приказните за луѓето кои живееле таму. Во тие места се заљубуваме, нѐ маѓепсуваат и нѐ цртаат како ликови во нивните приказни кои потоа ги раскажуваме. Прага интима е визуелна приказна за едно такво место. Личен, интимен портрет на еден од најубавите градови и магични места во светот, Прага“.

February 4, 2020 13:52
in КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Во просторот на НЛБ Галерија утревечер со почеток во 20 часот ќе се отвори изложба на црно-бели фотографии на македонскиот автор Влатко Деков.

Во неговиот кус опис за изложбата авторот ќе каже: „Постојат места каде времето е застанато, а со него и приказните за луѓето кои живееле таму. Во тие места се заљубуваме, нѐ маѓепсуваат и нѐ цртаат како ликови во нивните приказни кои потоа ги раскажуваме. Прага интима е визуелна приказна за едно такво место. Личен, интимен портрет на еден од најубавите градови и магични места во светот, Прага“.

На трагите на она што го работеше познатиот чешки фотограф, Јосеф Судек, „Прага интима“ ги доловува скриените, вонвременски делови на градот, најчесто без присуство на луѓе.

Проектот е работен две години, период во кој авторот ја посетува Прага повеќепати, живее и ја фотографира во текот на летниот и во зимскиот период.

На изложбата посетителите ќе имаат можност да погледнат 34 црно-бели фотографии и воедно ќе биде промовирана неговата фото-книга со истоимен наслов како изложбата. Книгата е во издание на издавачката куќа ИЛИ ИЛИ.

Изложбата ќе ја отворат заменик-амбасадорот на Република Чешка Љубомир Пшенка и издавачот Игор Анѓелков.

Деков учествувал на повеќе групни изложби, а „Прага интима“ е негова втора самостојна изложба. Негови фотографии објавувале повеќе специјализирани списанија и медиуми за култура и уметност во земјава и странство. Добитник е на наградата за најдобро видео и фото репортажа од страна на ТВ Телма и емисијата Топ Тема за 2019 година.

Изложбата ќе биде отворена до 17.02.2020 година.

Next Post

ДИК го информира Министерството за правда за отстапување на бројот на избирачи во изборните единици

Shortcut

Најново

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk