ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Читаме – бодеме очи

Жална е сликата кога знаеш дека малкумина читаат, барем во автобус. Во една година, покрај мене, во автобус сум видела да чита една жена (за која знам дека работи во книжарница) и уште двајца.  Сите други гледаат во телефоните. Потајно се надевам дека читаат некоја книга на телефон. Не, а?

February 5, 2020 13:08
in ФРОНТ, ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БИЛЈАНА БОГДАНОВСКА 

Веќе една година секојдневно се возам со градски автобус и тоа време за мене е уживање. Не затоа што се возам во најсовремени превозни средства, туку затоа што тоа време ми е резервирано за читање.

Седнувам на првото празно седиште и ја отворам книгата. Така повеќе не сум во автобус, туку некаде во Норвешка, во Париз, на далечниот исток, зависи од изборот на четивото.

Патувањето ми трае до половина час и одлично е што тргнувам од прва станица, па има каде да седнам, но на враќање е друга песна. Се качувам на „Рекорд“, па ретко има каде да застанеш, а не пак да седнеш. Сепак, `заразата ме чеша`, па повторно вадам книга, потпрена на некој од држачите. Едвај најдувам место за книгата, ама читам. Какви погледи добивам тогаш да знаете. Со зачуденост ме гледаат, отвораат уста, како да ме прашуваат: „Што ти е на тебе: Сега и овде ли најде да читаш?“. Демек, нема место да стоиме, не пак да читаме. Погледите со презир и гнев, не ги ни коментирам.

Ги погледнувам благо и мило. Затоа што тоа се добива со читање. Благ и мил поглед кон секого. Како што вашите зачудени и полни презир погледи се лепат за мојата кожа, така мојот поглед само ве милува. Ако забележите, може и да ве смири, да ви даде сигурност, дека, ете, некој непознат ви ја разбира сета мака.

Најдоброто е што читајќи долгото патување поради метежот во сообраќајот се скусува. Па, неретко ми фалат уште станица, две да дочитам нешто интересно.

Не дека не ми се случило последна да излезам од автобусот кој стои веќе пет минути на последна!

Еве и една друга случка. Погледнувам низ прозорецот на автобусот, однадвор залепен со перфорирана хартија од некоја реклама, па слабо се гледа до каде сум. Помислувам дека ја промашив станицата, излетувам од вториот кат на авотибусот и сфаќам дека сум кај „Зелен пазар“. Имам уште две станици, па повторно влегувам во истиот автобус, седнувам на истото место, и ја отворам книгата. Дури и мене ми беше непријатно, а помислував дека другите си велат: „Што ѝ е на лудава?! Така ѝ е кога не крева глава од книгата!“ Нивните погледи и потсмев го кажуваа тоа.

Жална е сликата кога знаеш дека малкумина читаат, барем во автобус. Во една година, покрај мене, во автобус сум видела да чита една жена (за која знам дека работи во книжарница) и уште двајца.  Сите други гледаат во телефоните. Потајно се надевам дека читаат некоја книга на телефон. Не, а?

Можеби пак на  Фејсбук гледаат некоја фотографија од европските центри каде петмина на метар квадратен во метро читаат книга.

Се надевам дека е така и едвај чекам да влезам в автобус попладнево, да заминам до Венеција со „Дувачот на стакло од Муарно“ од Марина Фиорато, а да стигнам во Ново Лисиче.

Сите права се задржани. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ.

Next Post

Армиите на Северна Македонија и Србија ќе ги користат капацитетите за обука на двете земји

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk